Телефонски броеви и e-mail адреси на подрачните единици на МЗШВ

Телефони на кои земјоделците можат да се информираат за насоките за движење во полицискиот час и други прашања додека е вонредната состојба во државата.

Share
Прочитај повеќе

Исплатена државната помош за невремето од 2018 и 2019 година за земјоделците од прилепско

Земјоделците од селата Мало, Големо Коњари, населбата Варош, како и од Канатларци и Тополчани од понеделник, 13 ти април, на своите сметки ќе можат да ја подигнат финансиската помош од Буџетот на државата, како надомест за штетата од елементарна непогода која ги уништи земјоделските насади од тутун, житни и градинарски култури.

Share
Прочитај повеќе

Издадените потврди за движење на земјоделци во полициски час ќе важат до крајот на вонредната состојба

Право на издавање на дозвола имаат само евидентираните земјоделци во Единствениот регистар на МЗШВ. Фирмите чија дејност е поврзана со земјоделско производство имаат право самите да издаваат потврди за движење на своите вработени.

Share
Прочитај повеќе

АФПЗРР: Договорите за реализација на инвестицијата престануваат да течат за време на вонредната состојба а ќе продолжат да течат по истекот на траењето на вонредната состојба

Извршувањето на контроли на лице место на договорите за финансиска поддршка, кои истекуваат или ќе истечат за време на траењето на вонредната состојба, да се одложат и да се продолжат за 60 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Имаме доволно храна и залиха

-Нема да има застој во снабдувањето на пазарите, ќе се почитуваат “зелените коридори” за непречен транспорт и трговија. Ние имаме производи кои ги извезуваме, но и производи кои ги увезуваме. Во случај на недостаток на одредени количини на основни намирници, дозволен е интервентен увоз. Со самото тоа не би требало да има никаков проблем, ниту пак стравување за недостиг на храна, истакна Димковски. 

Share
Прочитај повеќе

АХВ со мерки против ширење на вирусот на болеста Њукастел кај живината

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решение за воведување на заштитни, контролни и дополнителни мерки, со цел контрола и спречување на ширење на вирусот на болеста Њукастел кај живината, која на осми овој месец, од страна на Факултетот за ветеринарна медицина е лабораториски потврдена во одгледувалиште на бројлери во општина Гази Баба.

Share
Прочитај повеќе

Извозот на свеж зеленчук и овошје во март годинава бележи пораст

Според податоците од Царинската управа, и покрај исклучително тешките услови, извозот на свеж зеленчук во март 2020 година е поголем за околу 3.000 тони во однос на 2019 година, додека кај вредноста се бележи благо намалување. Во март 2020 година изнесувал 290 милиони денари или околу 4,7 милиони евра.

Share
Прочитај повеќе

Исплата на штети во општина Могила

4.087.329 (четири милиони осумдесет и седум илјади и триста дваесет и девет) денари се уплатени на сметките на 3 правни и 121 физички лица. Средствата се за градобитната 2019 година во атарот на село Добрушево.

Share
Прочитај повеќе

Илиевски: ПЕ МЗШВ Битола работи во интерес на потребите на земјоделците

ПЕ МЗШВ Битола работи во интерес на Вашите потреби. Секој работен ден од 8 : 30 до 13 : 30ч. во просториите на подрачната единица или на pe.bitola@mzsv.gov.mk тел. 047/237-419 можете да се информирате кои се условите на движење за време на полицискиот час за потребите на Вашите земјоделски активности.

Share
Прочитај повеќе

Известување на Фитосанитарната управа – орган во склоп на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Фитосанитарната управа – орган во склоп на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, барањата заедно со придружната документација од правните и физички лица кои подлежат на упис во Регистарот на производители, преработувачи, увозници и дистрибутери на растенија растителни производи и други објекти и предмети*1 (Фито регистар) ќе ги прима електронски преку следниот e-mail: fitoregistar@gmail.com. 

Share
Прочитај повеќе