Се создаваат еднакви услови за развој на сите региони на државата со посебен акцент на руралните подрачја

Министерот Димковски, изјави дека со ефикасно искористување на мерките од Програмата за рурален развој, наменети за општините ќе се решат проблемите со комуналната и патната инфраструктура во руралните општини.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Поставен е нов рекламен банер на саемот во Берлин, за техничката грешка е поведена постапка

Имено, првичниот банер беше  предлог на компанијата Кадино, којашто дизајнот го има препратено до организаторот на саемот. При тоа, направена е техничка грешка при преводот, за која што МЗШВ веднаш реагираше до организаторот, и во најбрз рок се подготви нов рекламен банер. 

Share
Прочитај повеќе

Денес од 11 часот, Ипард инфо ден во Битола

Денес во Битола, 11 часот, во сала на Советот на општина Битола

Share
Прочитај повеќе

Утре ИПАРД инфо ден во Битола

Утре во Битола, 11 часот, во сала на Советот на општина Битола

Share
Прочитај повеќе

Пачешкоски: ПЕ Прилеп активно и посветено се залага за создавање успешни и конкурентни земјоделци

-Ние сме најголемата подрачна единица во државата, со над 15.000 евидентирани земјоделци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.
Не е лесно да се води оваа функција, но затоа е голем предизвик, ние да ги направиме позитивните и потребните промени за пристојна професија и пристоен живот, нешто што земјоделците една деценија го немаа, истакна Пачешкоски.

Share
Прочитај повеќе

Димковски во Штип: Преку ХС Злетовица, жителите од североисточниот регион ќе имаат навремено снабдување со чиста вода за пиење

-Отворен е јавниот оглас за избор на изведувач за пречистителната станица за вода за пиење во Штип, којашто ќе биде поврзана со хидросистемот Злетовица, каде што имаме изградено систем од порано но не е во функција. На 5-ти фервруари се затвора повикот, ќе се разгледаат понудите и многу брзо ќе се започне со градежните активности бидејќи парите се веќе обезбедени од МЗШВ, истакна Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Квалитетот и субвенциите ја кренаа цената на тутунот до 300 денари за килограм

Постигнатата просечна откупна цена досега изнесува 225 денари која, заедно со субвенциите, достигнува и до 300 денари за предаден килограм тутун.

Share
Прочитај повеќе

Атанасов: Зголемено е производството и извозот на месни и сувомеснати производи

Заложбите и посветеноста на Агенцијата за храна и ветеринарство поддржани со донесените мерки од страна на Владата на Република Северна Македонија овозможија зголемување на производството и извозот на месни и сувомеснати производи, но и обезбедување и задржување на високото ниво на квалитет и препознатливост на домашните производи на пазарите на земјите во кои се извезуваат.

Share
Прочитај повеќе

Димковски во Кочани: Целокупниот систем за наводнување ќе биде ставен во функција за новата сезона за сеидба на ориз

„Како ресорно министерство заедно со општина Кочани веќе ги преземавме сите потребни активности во делот на каналите за наводнување и одводнување, со цел да бидат подготвени за годинешната сезона за сеидба на ориз. Очекуваме за една недела да се објави јавна набавка со која за подржуниците на АД Водостопанство, меѓу кои е и подружницата во Кочани, ќе се направи една голема набавка во вредност од 50 милиони денари, со којашто ќе ги обезбедиме потребите на подружниците за резервни делови, градежни материјали и се друго што им е потребно, со цел целокупниот систем за наводнување да биде ставен во функција, за новата сезона за сеидба на ориз“, изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

СОВЕТИ: Заштита на овошјето од ниски температури

Ако има механичко оштетување на дрвјата, тие мора да бидат санирани. Еден начин да се заштити овошјето од мраз е да се извитка  дрвото со слама, пченка, хартија или јутени вреки. Не користете пластична обвивка за да ги завиткате дрвјата, бидејќи тие предизвикуваат кондензација, што може да предизвика контра ефект.

Share
Прочитај повеќе