Николовски во работна посета на Обединетите Арапски Емирати

-Денеска со Неговата Екселенција Sheikh Ahmed bin Saqr Al Qasimi и владини претставници од Ras Al Khaimah, Обединети Арапски Емирати дискутиравме за можности за соработка за увоз на овошје и зеленчук од Република Македонија како и промоција на нашите домашни вина во Ras Al Khaimah.  Договоривме и нивна посета во Македонија, заедно со бизнис заедницата, во чии рамки ќе се реализираат и Б2Б средби, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

СДСМ до пазарџиите: Бидете спокојни ќе најдеме решение за чесно да заработите денар повеќе

„Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, се работи за решение со кое секој ќе може достоинствено и чесно да заработи денар повеќе, но и решение кое истовремено ќе обезбеди начин за сузбивање на сивата економија“, велат од СДСМ.

Share
Прочитај повеќе

Утре истекува јавниот повик за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи од ИПАРД програмата

Утре, 29 јануари, истекува рокот за доставување на апликации за мерката „Инвестиции во материјални средства во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“. Со овој јавен повик им се овозможува на домашните претпријатија и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање на преработувачки капацитети и опрема.

Share
Прочитај повеќе

Органското производство и еко туризмот адути за развој на руралните средини

Регионалните практики во органско производство и потребата за европските пазари како и моменталните состојби во Македонија ги презентираше Габриела Митриќеска Мицевска -Swiss Contact, која ги охрабри органските производители за вмрежување, нови можности, идеи и заеднички извоз на европскиот пазар.

Share
Прочитај повеќе

Корисниците на услуги дадоа највисоки оценки за работењето на АХВ

Корисниците на услуги на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во изминатите две години ја оценија работата на Агенција со оценки меѓу 4 и 5, покажуваат податоците од анализите за мерење на задоволството на корисниците на услуги, кои се спроведуваат во рамки на вреднување на перформансите на Системот за менаџмент со квалитет на АХВ, со цел да се утврди дали институцијата ги исполнила барањата на корисниците.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ работи на изнаоѓање решение за исплата на лозарите за предаденото грозје во „Поварадие“ и „Стефанс винарија“

Во сабота (02.02.2019) во Кавадарци, министерот Николовски ќе има средба со лозарите од тиквешкиот регион, за да се разгледаат и останатите предлози на лозарите за поддршка и развој на оваа земјоделска гранка.

Share
Прочитај повеќе

Николовски во СОС Детско село: Децата се нашата иднина, секое од нив заслужува среќно и исполнето детство

Министерот Николовски ја искористи посетата да донира финансиска помош од негово лично и од името на кабинетот, односно беа донирани дел од дневниците на министрот и на кабинетот за службени патувања, за децата од СОС Детското село.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ и ФАО: Потребно е формирање на Агенција за земјоделско земјиште

-На денешната средба, со претставници од ФАО, разговаравме за планираните реформи во делот на управување со земјоделското земјиште и земјишната политика. Анализите на тимот од ФАО и стручните лица од МЗШВ покажуваат дека е потребно формирање на Агенција за земјоделско земјиште за ефикасно и транспарентно управување со земјоделското земјиште, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Долгот кон лозарите мора да биде исплатен во најкус можен рок

-Кон „Повардарие“ нашата порака е јасна,  долгот целосно мора да биде исплатен во најкус можен рок. Во случајот со винарската визба  „Стефани“,во тек е процес на отворена стечајна постапка, и затоа разговаравме и со стечајниот управник,  со директори на банки и адвокати. Паралелно МЗШВ ги разгледува сите можности од правен аспект како и на кој начин државата може да помогне и да интервенира да овие две прашања бидат затворени. Јас ќе бидам среќен „Повардарие“ и „Стефани“ никогаш да не се повторат и затоа заеднички ќе иницираме и соодветни законски измени за да лозарите бидат заштитени. За мене е неприфатливо да се предаде грозје кое што нема да се плати истото да се стави во залог, а имаме такви случаи да грозјето кое е откупено е продадено а лозарите не добиле пари“,порача министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

ФАО во соработка со Владата на Унгарија, доделува стипендии за академската година 2019-2020

Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО) во соработка со Владата на Унгарија, доделува стипендии за академската година 2019-2020, за постдипломски студии во три области:

Share
Прочитај повеќе