Три трика да препознаете зрела лубеница

Кога е добро изладена, лубеницата претставува големо и здраво освежување на организмот. Добра е за хидратација на телото и претставува голем извор на витамин Ц, А и минералите калциум и магнезиум. Содржи антиоксиданси и поволно влијае врз целокупното здравје. Секогаш е тешко да се препознае и да се разликува која лубеница е сочна и блага.

Share
Прочитај повеќе

Се бараат овчари во Шкотска за плата од 25 000 евра

Тие ќе бидат задолжени и да го пазат ѕидот кој го раздвојува природното живеалиште на овците од нивите на кои се одгледува храна за цел остров. Бидејќи ѕидот е стар, овчарот ќе биде задолжен и да го поправи.

Share
Прочитај повеќе

Струмица почна со брендирање на шумските производи од планината Беласица

Струмица почна со брендирање на шумските производи од планината Беласица. ,,Беласица планински производ“, ова е брендот под кој во иднина на пазарот ќе се пласираат дел од производите  кои потекнуваат од територијата на оваа планина.

Share
Прочитај повеќе

Растат температурите – Заштитете ги храната и животните

Висок процент влага и недоволна вентилација во објектите може да биде причина за појава на топлотен удар кај животните, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на сонце. Во двата случаи исходот може да биде фатален доколку не се делува на време. Напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на состојбата.

Share
Прочитај повеќе

ГРАДОНОСНИ облаци ќе ја зафатат државата, ПРЕУПРЕДУВАЊЕ до земјоделците

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса но и поради многу загреаната атмосфера која е исполнета со многу енергија во следните часови особено во северните а потоа и во централните и во југоисточните предели од државава ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Share
Прочитај повеќе

Намален увозот на пченица од Србија

Пченицата е стратешки производ во Република Македонија и сеуште голем број на земјоделците произведуваат пченица на мали површина. Според последниот извештај на Држаниот завод за статистика површина засена со пченица се  80.924 ха (односно 34 % од вкупната земјоделска површина)  од која 64.706 ха се индивидуален сектор, а 16.218  се деловни субјекти и 104.853 мали земјоделски стопанства произведуваат пченица.

Share
Прочитај повеќе

Спроведено анкетно истражување – Однесување на потрошувачите во РСМ – Практики во однос на безбедноста на храната во домот

Според Светската Здравствена Организација над 30-40% од случаите на заболувања поврзани со храната се јавуваат во домот. Многу истражувања и студии докажаа дека несоодветна манипулација со храната, лоша хигиена и практики во домот го зголемуваат ризикот од инфекции во домаќинствата.

Share
Прочитај повеќе

Каква година очекуваат пчеларите?

„Годинава ќе имам добар принос, и очекувам 20 килограми по кошница. Но, сѐ зависи од тоа кој како ги одгледувал пчелите. Годината почна лошо, март беше сушен, немаше дожд, моравме да ги прехрануваме пчелите, но потоа природата направи чуда. Во природата сега има влага, и во кошниците има и затоа е добро медот да „одлежи“, па потоа да се вади. На 15 јули ќе знаеме како сме поминале годинава кога ќе почне да се вади медот. За пчеларите 1 август е Нова година, затоа што тоа што било поминало, годината завршила, се вади медот и почнува зазимување“, вели Тасевски кој има 110 кошници во кумановско.

Share
Прочитај повеќе

Сива пегавост кај пченката

Првите знаци на оваа болест може да се најдат на долните листови на пченката кои достигнале висина од половината до рамото на човекот. Оваа болест е многу опасна ако се развие во голема мера при фазата на метличење на пченката. Доколку растението се зарази шест недели после цветањето, тоа е веќе задоцнета заразa и болеста скоро и да не може да влијае на родот.

Share
Прочитај повеќе

5 фактори кои влијаат на производството на овчо млеко

Постојат неколку фактори кои влијаат врз производството на млеко, односно млечноста кај овците. Пред се, многу важна е генетската основа, условите за исхрана и здравственате заштита. Дознајте кои се 5 фактори кои во најголема мера ја одредуваат млечноста кај овците.

Share
Прочитај повеќе