Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со својот тим, имаше средба со министерот Зоран Шапуриќ и претставници од Централниот дистрибутивен центар за овошје и зеленчук на Рим, Италија.
-Продолжуваат разговорите за инвестиција во голем откупно-дистрибутивен центар во Република Македонија, со техничка поддршка на центарот “Agroalimentare” од Рим и потенцијални инвеститори од Италија, истакна Николовски.
Тој додаде дека секојдневно се доближуваат македонските производи до стандардите кои ги бара европскиот пазар. На тој начин се обезбедува стабилен пласман на македонските земјоделски производи низ Италија и Европската Унија.
М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство