Оваа недела ќе се објави јавен оглас за доделување на земјоделско земјиште за сточари

Според планот, вкупната површина која ќе биде предмет на јавниот оглас е на 517 хектари и тоа во следните региони во Република Македонија: Берово, Велес, Гостивар, Дебар, Куманово, Кавадарци, Неготино,Свети Николе, Струмица, Штип и Крива Паланка. Периодот на закуп е во времетраење од 15 години.
Оваа недела се очекува јавниот оглас да биде објавен во Службен весник и во три дневни весници, по што сите заинтересирани ќе можат да конкурираат.

Share
Прочитај повеќе

Пилешкото од Бразил безбедно, нема уништени или вратени пратки

Врз основа на извршените лабораториски испитувања досега не се добиени позитивни резултати, односно месото кое е пласирано на македонскиот пазар е безбедно, а годинава нема уништени или вратени пратки со пилешко месо со потекло од Бразил.

Share
Прочитај повеќе

„Тика“ донираше 300 пчелни сандаци и опрема во Долно Косоврасти

– За двете општини доделени беа 300 пчелни сандаци кои пак беа распределни на 30 пчелари, односно по 15 од двете општини. Освен сандаците и неопходната опрема, тие добија и средства за прихранување, како и медикаменти и средства за заштита, изјави Неат Селманоски од друштвото „Чифлик“.

Share
Прочитај повеќе

Резултати од проектот за контролни системи за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ќе ги промовира резултатите од твининг проектот „Натамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата”.

Share
Прочитај повеќе

Фестивал на лубеницата во Љуботен

Од општина Бутел најавуваат и културно-уметничка програма, а присутните ќе можат да вкусат, освен љубеница и диња, и повеќе специјалитети карактеристични за жителите од Љуботен.

Share
Прочитај повеќе

Во полн ек е откупот на вишни во Bim Food DOO

Во моментот, во полн ек е откупот на вишната кој ќе трае до 10-15 јули. Вишните се откупуваат лично на терен низ цела држава и тоа директно од самите овоштарници. На тој начин екипата на Bimfood откупува само квалитетни плодови.
Дневно се преработува свежа вишна околу 35-40 тони, а се добива околу 25 тони замрзнат готов производ дневно. 

Share
Прочитај повеќе

Осигурување на посеви и плодови до 31.07.2018 само во „СН“ Осигурителен брокер АД Битола

„СН“ Осигурителен брокер АД Битола им излегува во пресрет на земјоделците затоа на пазарот на осигурување го продолжи рокот за осигурителни полиси и нуди осигурување на посеви и плодови до крај на овој месец, месец Јули.
Со оглед на временските неприлики кои секојдневно го оштетуваат вложениот труд, сеуште постои можност за нивно осигурување, и тоа само во „СН“ Осигурителен брокер АД Битола.

Share
Прочитај повеќе

Светска банка ја подготвува новата стратегија за партнерство со Република Македонија, земјоделството е приоритет

Посебен акцент беше ставен на креирање на услови за организирано договорно производство, подобрување на квалитетот и стандардите и стратегија за извоз на македонските земјоделско-прехранбени производи. Од Светска банка потенцираа дека во оваа област поседуваат експертиза и можност да обезбедат средства за инвестиции во откупно-дистрибутивни центри.

Share
Прочитај повеќе

ЈАВЕН КОНКУРС за давател на јавни услуги спроведување на мерки и активности од ЗОПОД

МЗШВ објави ЈАВЕН КОНКУРС за давател на јавни услуги спроведување на мерки и активности од ЗОПОД (Заедничка основна програма за одгледување на добиток) и развојно истражувачки задачи од подрачјето на изведувањето на програмите за одгледување за потребите на ЗОПОД за 2018 година.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Системите за наводнување со години запоставувани

Системите за наводнување со години биле запоставени и затоа има и намалување на земјоделското производство и намалување на квалитетот. Оваа година ќе исплатиме 12 милиони евра за водоснабдувањето, а следува и сеопфатна реорганизација, истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе