Уште 10 дена за аплицирање за поврат на парите за камати на апликантите кои реализирале ИПАРД инвестиција со кредит од домашните банки

Сите правни и физички лица кои по 25- ти декември 2016 – та година, користеле средства од Повикот за ИПАРД програмата, а за реализација на инвестицијата подигнале кредит, ќе може да добијат финансиска помош во висина од 50 до 75 отсто од каматната стапка на годишно ниво за период од 10 години. Крајниот рок за доставување на барањата е 18.01.2019 година

Share
Прочитај повеќе

За неколку денови истекува рокот за повикот за закуп на државно земјиште до 3 хектари и над 3 хектари

За неколку дена истекуваат роковите за доставување на документација за јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари и за јавниот оглас за давање на државно земјоделско земјиште под закуп над 3 хектари. Конкретно, за јавниот повик до 3 хектари рокот за поднесување документација е до 11.01.2019, петок, а за јавниот оглас за давање државно земјоделско земјиште над 3 хектари рокот е до 17.01.2019.

Share
Прочитај повеќе

ЈАВЕН ПОВИК бр.02/2018 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020

1. Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства
2. Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства
обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на
Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25%
средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.
3. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна
финансиска поддршка (грант)

Share
Прочитај повеќе

На барање на бизнис заедницата, продолжен рокот за аплицирање за ИПАРД 2

-Целта на продолжувањето е стопанствениците да достават комплетни и квалитетни апликации. Очекуваме дека со овој дополнителен период ќе им овозможиме на стопанствениците да ги соберат сите потребни документи за да подготват инвестициски проекти кои во сите делови ќе ги задоволат условите кои се пропишани во ИПАРД Прогрмата, со што ќе се овозможи поголема искористеност на средствата, вели директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: За три недели истекува јавниот повик за доставување понуди за интерес за давање под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари

За разлика од огласите за кои што МЗШВ ги објавува расположливите парцели, со овој јавен повик МЗШВ им овозможува на земјоделците доколку имаат информации каде има слободна земја, самоиницијативно да пројават интерес преку изготовка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документи пропишани со јавниот повик. Единствено, земјоделците треба да внимаваат земјиштето да не е предмет на денационализација и да не е веќе дадено под закуп. 

Share
Прочитај повеќе

Бабовски: Поврат на парите за камати на апликантите кои реализирале ИПАРД инвестиција со кредит од домашните банки

Сите правни и физички лица кои по 25- ти декември 2016 – та година, користеле средства од Повикот за ИПАРД програмата, а за реализација на инвестицијата подигнале кредит, ќе може да добијат  финансиска помош во висина од 50 до 75 отсто од каматната стапка на годишно ниво за период од 10 години.

Share
Прочитај повеќе

ИНТЕРЕН ОГЛАС 01/2018 за пополнување на работни места со постапка за унапредување

Рокот за доставување на пријавите е 5 (пет) денови од денот на објавување
на огласот на Веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство
и водостопанство.

Share
Прочитај повеќе

ЈАВЕН ОГЛАС бр.12/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 1426ха 88ар 64м2

Share
Прочитај повеќе

Од денеска до 25- ти декември аплицирање за субвенции за ориз и оризова арпа 

Право на финансисика поддршка имаат земјоделските стопанства кои имаат засеани и ожнеани површини со ориз и оствареното производство на оризова арпа од род 2018 година да го предале на регистрирани откупувачи во период од 1 октомври до 25 декември 2018 година. 
Висината на поддршката изнесува 5 денари по килограм а ќе се исплати за количините кои не надминуваат 5,5 тони по хектар. 

Share
Прочитај повеќе

Ј А В Е Н П О В И К б р . 2 / 2 0 1 8 за доставување на барања за исплата на средства од Програма за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2018 година

Средствата по оваа програма може да ги добијат сите субјекти кои набавиле порибителен материјал за насадување на рибниците во периодот од 1- ви февруари до 30- ти септември годинава или пак произведената риба во рибниците ја продале во период од 1- ви ноември 2017- та година до 31- ви октомври годинава. 

Share
Прочитај повеќе