Денеска во МЗШВ беа поднесени првите барања за упис на малите семејни винарии

Вести Лозарство

Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа поднесени првите барања за упис на малите семејни винарии во регистерот на производители на вино.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ одржаа состанок во просториите на МЗШВ со претставници на првите мали винарници кои ги поднесоа своите барања во Архивата на МЗШВ.

Со измената на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство, се олеснија условите за упис во регистарот на производители на вино на физички лица и мали винарски визби. Измената ќе придонесе за праведност во однос на трошоците за регистрација на винарска визба, односно висината на трошоците да соодветствуваaт со капацитетот за производство.

Намалувањето на трошоците за регистрација ќе биде мотивација за многу физички лица кои во домашни услови произведуваат вино, да можат на легален начин да го пуштат во промет.

За полесен пристап до регистрацијата, МЗШВ изготви флаер со чекори до упис во регистер на производители на вино.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *