„Ековита: За родова еднаквост и давање што поголемо значење на жените фармери во земјоделството

Вести

Настанот беше дел од проектот за институционално јакнење на членките на „Рурална коалиција”.

Еколошкото друштво „Ековита” ќе се залага за родовата еднаквост и давање што поголемо значење на жените фармери во земјоделството, кои во изминатиот период беа ставени во втор план и не доаѓаа до израз, информираше денеска претседателот Сашко Тодоров, координатор за Вардарски регион на ,,Рурална коалиција”.

Пред дел од еко-активистите беа презентирани неколку проекти на кои во моментов се работи. За млади лидери, поддршка на млади претприемачи, промовирање на традиционални производи од Тиквешијата и рециклирање на органски отпад.

Настанот беше дел од проектот за институционално јакнење на членките на „Рурална коалиција”. /МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *