Некои од чекорите што треба да им се советува на нашите земјоделци е да се прилагодат на глобалното затоплување и да подигаат насади кои ќе одговараат на промените а тие се специфични.
Освен тоа се разбира, Мајката Природа, во форма на климатски промени, интервенира многу побрзо, и многу потешко, од сегашните предвидувања кои укажуваат, на намалување на приносите.
Пожешки, подолги лета и прекумерни врнежи во некои области и суши во други кои ги оштетуваат плодовите и зеленчуковите култури, би можело да значи драстично намалување на земјоделските приноси.
Климатските промени најверојатно ќе влијаат на земјоделството ширум светот па така и кај нас во Р.Македонија
Честите појави на недостаток од вода, екстремните временски неприлики, поплавите, продолжување на вегетацијата…сето ова и тоа како ќе влијае на земјоделското производство.
Земјоделците секогаш морале да се борат со променливото време.
Но климатските промени ќе доведат до трајни промени во температурите и дождовите.
Влијанието на климатските промени во земјоделството и производството на храна ќе се разликуваат од Регион до Регион.
Во некои места високите температури ќе ја продолжат вегетацијата, додека во други региони повеке ќе има тешки суши кои ке ги зголемат губитоците на насадите.
Така да земјоделците ќе мораат да се прилагодуваат на новите услови на климата.
Ова значи дека треба да размислуваме добро, кои видови на овошни насади би требало да се садат во иднина.
Автор: Дипл. Инж. Агроном Иван Стојанов за Современо Земјоделство