Распоред на овошките во насадите

Вести Совети

Распоредот на овошките во насадите може да бидат различни.

Правилниот распоред на овошките мора да им овозможи доволно простор за живот, сигурно опрашување и примена на механизирана обработка.

Во современите овоштарници, овошките најчесто се садат во квадрати или правоаголници.

Со квадратното разместување, внатре во редовите има помало растојание отколку меѓу редовите што ќе им овозможи доволно светлина и еднаков простор за раст.

Вака ќе се овозможи најлесна обработка на почвата, редовите ќе бидат прави и има одличен изглед.

Со правоаголниот начин, внатре во редовите има помало растојание отколку помеѓу редовите. Може да има ист број на дрвца како и кај квадратниот. Овозможува подобро и полесно движење на механизацијата помеѓу редовите.

Садењето во триаголник овозможува поголем број на дрвца по единица површина, но механизацијата има потешкотии при обработката. Во денешно време ваков тип на насади нема некое посебно значење во интензивните насади.

Затоа распоредот на садење зависи од неколку многу важни фактори:

-Бујност на овошките
-Форма на производство
-Плодност на почвата
-Примена на механизација
-Начин на обработка на почвата

 

Автор: Дипл. Инж. Агроном Иван Стојанов за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *