Говедарство – календар за месец април

Вести Совети Сточарство

Овој период претставува транзиција во однос на одгледувањето и исхраната на животните.

Неопходно е што повеќе да се искористат сончевите денови и животните да
се изведат на прошетка и на пасење на отворено. Особено внимание треба да се посвети на соодветно избалансираната храна.

Потребно е животните да внесуваат по 0,5кг
концентрирана сточна храна, за секој килограм млеко, над 5 кг. дневно. Препорачливо е
во исхраната да биде вклучено и 2 – 3кг слама од пченица за дополнување на сувата
материја, која обично во овој период од годината е ниска.

Изведувањето на животните на отворено и хранењето со свежа трева може да
создаде услови за појава на различни инфекции. Заради тоа неопходно е да се
превземат соодветни превентивни мерки.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *