Хоџа: Во тек се јавните повици за земја до 3 ха, земјоделци, искористете ја можноста што ја нуди државата

Вести

На 4 август Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави четири јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари на цела територија на Република Северна Македонија.

Предмет на јавните повици бр.01/21, 02/21 и 03/21 е слободно земјоделско земјиште во државна сопственост над кое нема подигнато насад, а предмет на Јавниот повик бр.04/21 е давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над кое има долгогодишен насад. Рокот за доставување на понуди е 30 (триесет) дена сметано од денот на објавата.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа ги потсетува земјоделците дека до крај на повикот имаат уште дваесетина дена и дека има време да аплицираат и да се вклучат во земјоделското производство.

Земјоделци, искористете ја можноста која ја нуди државата за користење на земја до 3 хектари. Според моите информации интересот е одличен, но имате уште време да подготвите документи и да аплицирате. Во интерес на сите е земјата да се обработува и да се зголеми домашното производство на храна и други земјоделски производи – изјави за Агротим, Хоџа и додадава дека за земјоделското земјиште во државна сопственост кое по пат на јавен оглас или јавен повик ќе се додели во закуп на физичко лице на возраст до 40 години или на трговско друштво со управител или извршен директор на возраст до 40 години, обврската за плаќање на закупнина од страна на закупецот настапува три години по влегувањето во сила на договорот за закуп. Доколку трговското друштво во периодот до три години по влегувањето во сила на договорот за закуп го промени управителот или извршниот директор со лице на возраст над 40 години, обврската за плаќање на закупнина ќе се смета дека  настапила од денот на влегувањето во сила на договорот за закуп – вели Хоџа.

За дополнителни информации, потребната документација како и за условите за учество на јавните повици може да ја посетите веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.mzsv.gov.mk).

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *