ЈАВЕН ПОВИК БР.2 за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошни објекти во функција на оранжеријата, односно на стопанскиот двор во функција на оранжеријата

Вести Огласи

I.ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Предмет на јавниот повик е доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост определено како технолошка целина на оранжеријата евидентирано во катастарот на недвижности како нива под оранжерии, нива под помошни објекти, нива под објекти за примарна обработка на земјоделски производи и земјиште меѓу објекти со мери и граници определени со геодетски елаборат.

II.ПРАВО НА УЧЕСТВО НА јавниот ПОВИК

1.Право на учество на јавниот повик има физички лица и правни лица кои во катастарот на недвижности се запишани како сопственици на оранжеријата и помошните објекти кои се во функција на оранжеријата, односно на објектите во стопанскиот двор.

2.На јавниот повик не може да се дава заедничка понуда од повеќе физички лица и правни лица и истата ќе се смета за неважечка.

III.ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА УЧЕСНИКОТ Е ДОЛЖЕН ДА ЈА ДОСТАВИ СО ПРИЈАВАТА

1.Учесниците на јавниот повик за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошните објекти во функција на оранжеријата, односно на стопанскиот двор во функција на оранжеријата се должни да ја достават следната документација:

-доказ за стекнато право на сопственост со оранжерии и помошни објекти во функција на оранжериите, односно со објектите во стопанскиот двор,

-имотен лист за запишано право на сопственост на оранжериите и помошните објекти во функција на оранжеријата, односно на објектите во стопанскиот двор,

-тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија за правни лица или копија од лична карта за физички лица,

-геодетски елаборат за геодетски работи за посебни намени за нумерички подтоци за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија, помошни објекти во функција на оранжериите и стопански двор во функција на оранжериите,

-имотен лист за земјоделското земјиште за кое се доставува понудата за интерес за купување,

-процена на пазарна вредност на земјоделското земјиште предмет на понудата изготвена согласно со Методологијата за процена на пазарната вредност на земјоделското земјиште во државна сопственост под оранжерии и објекти кои се во функција на земјоделското производство („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/18), изготвена од Министерство за правда – Биро за судски вештачења,

-изјава нотарски заверена за начинот на плаќање на купопродажната цена и

-изјава нотарски заверена дека земјоделското земјиште во државна сопственост предмет на понудата ќе го користи за земјоделско производство без промена на неговата намена и промена на функционалноста на целината во период најмалку од 30 години сметано од денот на склучувањето на договор за продажба.

2.Потребната документација се доставува во оргинал или фотокопија заверена на нотар.

V. ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

1.Рокот за поднесување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошните објекти во функција на оранжеријата, односно на стопанскиот двор во функција на оранжеријата е во времетраење од 60 дена сметано од денот на објавувањето на јавниот повик во дневните весници, а се доставуваат до писарницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Скопје.

2.Пријавата и другата документација се доставува во затворен коверт на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај„, „Понуда по јавен повик за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошните објекти во функција на оранжеријата, односно на стопанскиот двор во функција на оранжеријата“ и во средина „Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Аминта Трети бр.2 Скопје”.

VI. ИЗРАБОТКА НА ЛИСТА НА ПОНУДУВАЧИ

1.Комисијата врши прием на доставените понуди од подносителите за учество на јавниот повик и врши проверка на комплетноста на доставената документација и во рок од 15 дена од денот на истекот на рокот од 60 дена од денот на објавување на јавниот повик, изготвува листа на понудувачи.

2.Доколку Комисијата при разгледување на понудите утврди дека подносителот не ја доставил потребната документација писмено го известува во рок од 15 дена за дополнување на истата.

3.Во случај кога подносителот во рокот од 15 дена не ја дополни понудата, Комисијата ја отфрла како некомплетна и ќе се смета како да не била доставена понуда за интерес.

4.Комисијата во рок од 30 дена по завршување на постапката по јавниот повик до министерот доставува листа на понудувачи кои ги исполниле условите.

5.Министерот во рок од 30 дена од денот на доставување на листата со понудувачот по претходна согласност на Владата на Република Македонија склучува договор за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост.

6.Договорот за продажба ги содржи податоците за површината на земјоделското земјиште што се продава, катастарски податоци содржани во имотниот лист, состојба во која се наоѓа земјиштето и одредба со која земјоделското земјиште во државна сопственост кое е предмет на продажба не смее да се продава, да се подарува и да се разменува со друго земјоделско земјиште и не смее да се пренаменува во градежно земјиште во период од 8 години од денот на склучувањето на договорот.

7.Купопродажната цена за земјоделското земјиште може да се плати во целост со склучување на договорот за купопродажба или на пет еднакви годишни рати или на десет еднакви годишни рати, доколку избраниот понудувач е физичко лице. Подносителите на понудите за купопродажба го наведуваат начинот на плаќање на купопродажната цена во моментот на поднесување на понудата до Министерството.

8.Доколку понудувачите изберат постигнатата купопродажна цена да ја платата на пет или десет еднакви годишни рати, тогаш првата годишна рата се плаќа во моментот на склучување на договорот за купопродажба, а останатите годишни рати се уплаќаат во следните календарски години после склучување на договорот, но најдоцна до 31 март во таа календарска година.

9.Со склучување на договорот за продажба договорот за закуп кој претходно бил склучен меѓу Министерството и сопственикот на оранжеријата и помошните објекти во функција на оранжеријата, односно на објектите во стопанскиот двор престанува да важи.

10.Купувачот на земјоделското земјиште во државна сопственост е должен во период најмалку од 30 години сметано од денот на склучувањето на договор за продажба, земјоделското земјиште да го користи за земјоделско производство без промена на неговата намена и промена на функционалната целина на земјиштето, во спротивно договорот за продажба ќе биде раскинат, а земјоделското земјиште вратено во сопственост на Република Македонија без надоместок.

Доколку сопственикот на објектите не достави понуда за интерес на јавниот повик во рокот од 60 дена од денот на распишувањето на јавниот повик, односно во рокот од 30 дена не склучи договор за продажба на земјоделското земјиште, е должен за користењето на земјоделското земјиште во државна сопственост да плаќа надоместок утврден согласно со Законот за земјоделското земјиште се додека не го купи земјоделското земјиште.

11.Ненавремено доставени понуди на јавениот оглас ќе се отфрлат со решение.

VII.СТЕКНУВАЊЕ СО ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ

1.Сопственост на земјоделско земјиште во државна сопственост не може да стекнат странски физички и правни лица, освен ако со меѓународен договор поинаку не е одредено.

2.Сопственост на земјоделско земјиште во државна сопственост не можат да стекнат странски физички и правни лица ниту на посреден начин преку сопственост на акции или удели во процент поголем од 49% врз капитално поврзани правни лица кои имаат непосредна или посредна контрола во донесувањето на одлуките на правното лице кое се стекнало со сопственост на земјоделско земјиште согласно со одредбите од овој закон.

3.Во случај на продажба на акции или удели на правното лице кое се стекнало со право на сопственост на земјоделско земјиште во државна сопственост, на странско правно и физичко лице, по склучувањето на договорот за купопродажба на земјоделско земјиште во државна сопственост при што странското правно, односно физичко лице се стекнало со право на сопственост на акции или удели во процент поголем од 49%, договорот за купопродажба на земјоделско земјиште во државна сопственост е ништовен.

VIII. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

За дополнителни информации учесниците на јавниот повик може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон: 02 313 44 77 или да ја посетат веб страницата на  Министерството  www.mzsv.gov.mk

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *