Ќе се вложат близу 6 милиони денари преку Пелагонискиот плански регион, за развој на руралните средини во Пелагонија

Вести

За проекти што ќе се имплементираат во селските  средини во Пелагонија, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со поддршка на Министерството за земјоделство, ќе вложи близу 6 милиони денари.

-Нови проекти за Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион финансирани од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, преку кои ќе се унапреди земјоделството и руралниот развој во регионот, изјави Гого Видимче, директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Во рамките на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој , Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со поддршка на МЗШВ во руралните средини на Пелагониските општини ќе имплементира проекти со вкупна вредност од 5 855 968 денари.

-Целта на проектите е да се олесни пристапот до обработливите површини, како и да се зголеми и олесни производството на земјоделски производи, истакна Видимче.

Од јануари следната година ќе започнат постапките за јавна набавка за избор на најповолен изведувач и надзор на работите предвидени во приложените проекти. Одобрените проекти треба да се реализираат во рок од 12 месеци од денот на потпишување на договорите.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *