Магдонос -задолжителна билка во Вашата градина

Вести Совети

Магдоносот  не е само омилениот зачин за супи и јадења, туку е и многу благотворна билка која уште одамна се користи во народната медицина за ублажување на бројни тешкотии.

Лековити се коренот, листот и семето од магдоност.

Плакнење на очите

Во 300 мл зовриена вода сварете 2 лажици ситно исецкан лист од магдонос 2-3 минути и оставете да се олади. Потоа процедете преку стерилна газа, па со чајот неколку пати во текот на денот исплакнете ги очите.

Облоги за капаците

Шест гранчиња од добро измиен лист од магдонос исушете ги на хартиена салфета. Ставете ги на капаците, преврзете со газа и држете ги колку можете подолго, по можност до наредното утро. Наутро кога ќе ги отстраните направете го тоа во затемнета просторија.

На овој начин сигурно ќе ја елиминирате инфекцијата во очите или отокот на очните капаци кои ве измачуваат.

Две форми на магдонос се користат во исхраната: оној со извиткани листови и италијанскиот (или рамнолисен магдонос P. neapolitanum). Магдоносот со извиткани листови често се користи како гарнир. Рамнолисниот магдонос има појак вкус, што доаѓа од повисоката количина на етерични масла. Една состојка на етеричното масло е апиолот.

Друг тип на магдонос произведува многу подебели корења отколку видовите кои се одгледуваат поради нивните листови. Овој тип е чест во средна и источна Европа.

Градинскиот магдонос е светлозелено, мазно, двегодишно тревесто растение во умерените климатски подрачја, а едногодишно во суптропските и тропските подрачја.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *