Чистата препорака за започнување на преговорите која Македонија ја доби, се должи на спроведување на сите реформски процеси, вклучувајќи го и земјоделството.
Министерот Љупчо Николовски и министерот за земјоделство, храна и шумарство на Р. Бугарија, господинот Румен Порожанов, договорија низа заеднички активности во претстојниот период.
Бугарија, ќе и даде сериозна поддршка на Македонија во процесот на модернизација на земјоделството и подготовка за пристапниот процес во Европската Унија. Посебен акцент ќе се стави на подигање на искористеноста на ИПАРД, акредитирање на нови мерки и јакнење на човечките капацитети.
Веќе следниот месец работните групи на двете министерства започнуваат средби за подобрување на трговијата меѓу Македонија и Бугарија.