Николовски: 2019-та ќе биде година на најголеми капитални инвестиции во аграрот

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, се обрати до својата целна група со отчет за сработеното во годината која измина. Текстот го пренесуваме во целост.

Земјоделци,

2018-та беше година на крупни инвестиции во водостопанството, развојни мерки и нови повици за #ИПАРД програмата.

– се склучија рекорден број договори преку ИПАРД, во историјата на Македонија и започнавме кампања за промоција на ИПАРД, со околу 90 настани низ Македонија;
– #ЕУ, одобри нови 15 милиони евра преку #ИПА, за конкретни проекти во земјоделството,
– #WB, Светска банка, одлучи да го поддржи земјоделството во РМ, со околу 30-ет милиони евра и заедно ги утврдивме приоритетите на инвестирање, а прв приоритет се нови откупно – дистрибутивни центри и решавање на пласманот,
– започна изградбата на деценискиот сон на гевгеличани, браната Конско во Гевгелија,
– започна изградбата на системот за наводнување на тетовски Полог,
– обезбедивме 28 милиони евра за системите за наводнување Лисиче во Велес и Чашка, како и Јужен Вардар трета фаза,
– ја завршивме постапката за избор на изведувач и почеток на работите за изградба на системот за наводнување Јужен Вардар втора фаза,
– младите фармери добија најголема поддршка досега со исплатени околу 4-ри милиони евра за грантови,
– финансиравме над 40-ет локални манифестации за промоција на нашата храна и култура,
– силно се поддржа лозарството како и промоцијата на најдоброто од Македонија – виното, на сите континенти и најзначајни меѓународни саеми,
– започна постапката за продажба на земјоделското земјиште,
– земјоделците добија илјадници хектари државно земјиште на голем број огласи,
– за прв пат имавме посебни огласи за земјиште за сточарите,
– огласи за доделување на земјиште со план за инвестиции во агро секторот и преработувачката индустрија,
– започна историскиот процес на окрупнување во 12 региони, на над 4000 хектари и 17.000 парцели,
– се исплатија рекорден број субвенции во година без избори,
– се носеа интервентни мерки за голем број култури и производи,
– имавме историски највисока цена на откупот на тутунот и највисока цена во последните 6 години на откупот на нашите традиционални сорти вранец и смедеревка,
– се решија стотици поединечни проблеми на фирми и индивидуалци,
– започнавме проект од 1.5 милиони евра за финансиска поддршка на постоечките и основање нови земјоделски задруги,
– се подготвија измени и нови закони во интерес на земјоделците,
– земјоделците добија ослободување од персонален данок до 1 милион денари,
– склучивме договори за набавка на над 700 трактори,
– за прв пат регистриравме 14-ет локални акциски групи – #ЛАГ-ови,
– по многу години инвестиравме во агрометролошки станици и се реновираа постојаните,
– ЕУ и честита на Македонија, за постигнатото во делот на безбедноста на храната,
– започна процесот на реформа на шумарството и ловството,
– се склучија рекорден број на договори за концесии на риболовните ревири.

И ова е само дел од сработеното. Со макотрпно, деноноќно и посветено работење!

Македонија е земјоделска земја. Во 2019-та година, со добро здравје и сила, ќе го исцртаме патот по кој долгорочно ќе се движиме.

Ќе работиме нова национална стратегија за земјоделство и рурален развој за следниот седумгодишен период и нова стратегија за лозарство и винарство за следните пет години.

Ќе работиме на воспоставување на гарантен фонд за сите кои ќе инвестираат, а земјоделците конечно ќе ја добијат зелената нафта.

Оваа 2019-та ќе биде година на најголеми капитални инвестиции во аграрот, на нови мерки за поддршка на интегрирани проекти во преработувачката индустрија, зголемена поддршка на сточарството, на заштита на нашите традиционални производи и на силна меѓународна промоција на нашето вино и преработки со што ќе влијаеме на зголемување на извозот, откупот и на примарното производство.

 

Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *