Николовски во посета на Париз, на Меѓународната организација за вино OIV

Вести Винотека Лозарство

Како делегат во Меѓународната организација за вино OIV, во следните два дена во Париз, Франција, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ќе учествува на годинешното вонредно генерално Собрание на организацијата, на кое што ќе се избира нов претседател и генерален директор на организацијата.

Меѓународната организација за вино е најголема организација во која што членуваат над 45 земји членки од светот и сите одлуки во организацијата се донесуваат со консензус.

-За нас како држава во која што винарството е стратешки извозна гранка, важно е да бидеме активен член на Меѓународната организација за вино, од аспект на унапредување на оваа гранка и отворање на нови пазари за македонското вино, истакна Николовски.

Тој додаде дека зголемувањето на извозот на македонското вино е еден од приоритетите на МЗШВ, а Меѓународната организација за вино може да пружи голема поддршка во насока на зголемување на препознатливоста на нашето вино на странските пазари.

Б.П. за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *