Пазарџиите задоволни од новиот закон

Вести

Новите измени во Законот за зелени пазари се поволни за пазарџиите, но само ако нивните давачки бидат во висина од 2.000 денари. Тие се задоволни што конечно ќе добијат решение за своите проблеми.

Од Комората на трговци велат дека ова е многу подобро решение отколку фискализација, бидејќи во тој случај трошоците ќе бидат многу поголеми.

Министерот за економија, Крешник Бектеши информираше дека подзаконските акти на Законот за зелени пазари веќе се усвоени.

Законот е во сила од пред неколку месеци, но неопходни беа подзаконски акти за допрецизирање на одредбите со цел негова ефикасна примена во пракса.

Законот се базира на барањата на тезгаџиите од 2005 и 2006 година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *