Пчеларството може да биде сериозен бизнис

Вести Пчеларство

Пчеларството во Македонија може да биде сериозен бизнис, велат експертите. Потенцијал и природни услови има доволно, но производството на мед кај нас не е на посакуваното ниво. Постојат многу технички недостатоци и нема координираност со земјоделските производители.

Пчеларството економски ќе се исплати многу повеќе и може да стане сериозен бизнис доколку се отстранат техничките недостатоци во овој сектор.

Според експертите, потребен е селектиран репроматеријал, матици и роеви, медоносни растенија и селидбено пчеларење.

Заболувањето на пчелите е инцидентно, но поради интензивното и нестручно лекување поголема е можноста за добивање мед со недозволени остатоци од хемиските средства.

Недостасува и поголема соработка меѓу пчеларите и земјоделците за тајмингот на третирање на растенијата и овоштарниците со пестициди.

Последици сѐ повеќе се е чувствуваат и од сѐ поголемото и сѐ по интензивно користење на средствата за сузбивање на пчелните болести кои ги загадуваат и нектарот и поленот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *