Период на забрана на лов на позначајни видови риби во 2020 година во „Вештачко езеро – Акумулација Стрежево“

Вести

Согласно Риболовната основа за риболовна вода “Вештачко езеро – Акумулација Стрежево” за период 2017 – 2022 година и Годишниот план за заштита и стопанисување со рибниот фонд на рекреативната зона “Вештачко езеро – Акумулација Стрежево” за 2020 година, се предвидени забрани на лов на позначајните видови на риби во одреден временски период:

Штука (01 февруари – 31 март)
Костреш (01 април – 15 мај)
Сом (15 април – 15 јуни)
Клен (05 мај – 15 јуни)
Крап (05 мај -15 јуни)
Пастрмка (01 октомври – 31 јануари).

Концесионерот ЈП “Стрежево” – Битола, го задржува правото да изврши измена на периодот на забрана наведен во Прирачникот за вршење на рекреативен риболов за 2020-та година, по претходна координација со овластената установа изработувач на риболовната основа, доколку врз основа на релевантни показатели се утврди таква потреба.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *