За огромна пофалба е одличната реализација на капиталните инвестиции преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Реализирани се 99,7% од капиталните мерки со што инвестициите во земјоделството и руралниот развој се на неприкосновеното прво место.
718 милиони денари завршија во 👇
➡️Поддршка на младите земјоделци;
➡️Набавка на добиток со високогенетски карактеристики;
➡️Нови системи за наводнување;
➡️Подигање на нови овошни насади;
➡️Поддршка за модернизација на механизацијата во задругите;
➡️Финансиска поддршка за Локалните акциони групи;
➡️Изградба и реконструкција на брани и акумулации;
➡️Нова модерна рурална инфраструктура;
➡️Водоводни и канализациони мрежи во руралните средини;
➡️Уредување на зелени пазари;
Ваквата реализација на капитални мерки и проекти е најсилен доказ дека Владата, МЗШВ И АФПЗРР во изминатата 2019-та година посветено работеа на модернизирање на македонскиот аграр преку обезбедување на финансиска поддршка за секој земјоделец и забрзан развој на водостопанската и руралната инфраструктура.
Љупчо Николовски