Професорот Давид ја напуштил работата и си купил 120 кози – поради својот изум сега се сели во Финска

Вести Совети Сточарство

Хрватот Давид Блажевиќ , кој освен што чува 120 кози е доктор на технички науки со својот експеримент ,,Може ли домнашните животни да произведуваат електрична енергија” освои тригодишна стипендија на Европската Комисија.

 

35 годишниот Блажевиќ од Ријека бил асистент на Техничкиот факултет во Ријека, но ја напуштил работата и со сопругата и двете деца решил да чуваат кози.

Додека ги пасел козите во Шумбер, му текнало дека домашните животни со своето движење можат да произведуваат електрична енергија. За својот труд ја добил стипендијата ,,Марија Кири Склодовска” од ЕК.

Тој бил инспириран од концептот на вуртуелно заградување на животните, а кога го разработил овој концепт му текнало дека секое од животните би можело да произведува мали количества електрична енергија, со која би се полнеле батерии и би се напојувал овој систем за чување домашни животни без физичка ограда.

Блажевиќ ќе работи во Финска, на универзитетот во Тампере каде ќе го разработува овој систем и наскоро ќе се пресели таму со семејството.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *