Што ќе се финансира со првата мерка од ИПАРД 2?
Во ИПАРД 2, мерката за растителното производство се однесува за одгледувањето на житарици, индустриски и градинарски растенија, овошните и лозовите насади, трпезното грозје и маслинките.
Во сточарството се финансира одгледувањето на говеда, свињи, овци и кози, бројлери и несилки.
Најниската вредност на вкупни прифатливи трошоци е 3.000, а максималната до 1.500.000 евра.

