Николовски: Создаваме поволни услови за поголемо искористување на европските фондови

Оваа година ќе бидат објавени нови повици на кои индивидуалните земјоделци и агрокомпаниите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка. Заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се преземаат мерки за создавање на поволни услови и полесни административни процедури за потенцијалните корисници и се надеваме на што поголема искористеност на европските фондови.

Share
Прочитај повеќе

Започна аплицирањето за добивање на средства од „Програмата за рибарство и аквакултура“

Преку оваа мерка ќе може да се градат нови риболовни пунктови, да ги реконструираат и адаптираат постоечките, како и да направат рехабилитација на риболовни води со доградба, надградба и опремување на постоечките капацитети/мрестилишта за производство на репродуктивен и порибителен материјал. – вели диреторот на АФПЗР Николче Бабовски.

Share
Прочитај повеќе

Јавен повик за подигнати нови овошни и лозови насади и набавен добиток од 1 октомври до 31 декември 2017

АФПЗРР денеска објави јавен повик за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година, за подигнати нови овошни и лозови насади и набавен добиток во период од 1 октомври до 3 декември 2017 година.
Рокот за аплицирање истекува на 30 јуни 2018 година.

Share
Прочитај повеќе

Заев, Анѓушев и Бабовски во увид на капацитетот во изградба кој повлече најмногу средства преку ИПАРД II програмата

„Компанијата „Подгорка“ е инвестиција која преку ИПАРД II повлече најмногу средства досега. 2 милиони и 250 илјади евра се одобрени од финансиската поддршка. Од нив 1 милион и 687 илјади евра се обезбедени од Еу, и 562 илјади евра од Нациналното кофинансирање. Со оваа инвестиција, уште еднаш докажуваме дека Македонија има потенцијал за да повлече и да искористи што поголем дел од средствата предвидени со ИПАРД програмите“, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, Николче Бабовски.

Share
Прочитај повеќе

Утре започнува исплатата на субвенциите за тутунот

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во моментов ги подготвува решенијата за исплата по што ќе следува исплатата на субвенциите.
Според податоците, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари.

Share
Прочитај повеќе

Нема земјоделство без големи комбинати и современа механизација

– Ниту една влада досега не создаде амбиент за развој на големи земјоделски комбинати и нема слух за нивна поддршка. Она што постоеше се уништи и сега почнуваме одново, да правиме нешто што веќе го имавме, рече Перо Колевски од ЗИК „Агрија“, додавајќи дека во Македонија засега има само четири големи капацитети: ЗИК Пелагонија, „Агрија“, „Вардар Градско“ и „Везе Шари“.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Искористувањето на ИПАРД е еден од приоритетите

– До крајот на годината ќе ги акредитираме и новите мерки кои ќе значат отворање нови можности. За следните два огласа до крајот на 2018 гледаме да ги отстраниме сите административни и други пречки кои постоеја претходниот период и беа бариера за забрзано процесуирање на апликациите, потенцира министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

ИПА помош од 18 возила и ИТ опрема во вредност од околу 1,4 милиони евра, за МЗШВ и АФПЗРР

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска со раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини и со директорот на Платежната агенција Николче Бабовски, ги промовираа набавените 18 возила и ИТ опрема во вредност од околу 1,4 милиони евра, со помош на ИПА фондовите. 

Share
Прочитај повеќе

8.6 милијарди денари од Буџетот за земјоделците

„Преку Програмата за рурален развој, инвестираме над 1,8 милијарди денари во создавање производи со висока додадена вредност, модернизирање на агро-секторот и развој на руралните средини. И ова е потврда дека парите ги враќаме кај граѓаните” – рече премиерот Заев.

Share
Прочитај повеќе

Започнува пријавувањето за субвенции за млекото

Висината на поддршката изнесува 4 денари по литар за овчо и козјо млеко и 3,5 денари по литар за кравјо млеко. Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

Share
Прочитај повеќе