Потпишани договори со КфВ од 107,6 милиони евра за Програма за наводнување и Проектот за енергетска ефикасност на студентски домови

-Целта на оваа Програма е зголемување на наводнуваните обработливи површини и зголемување на земјоделското производство преку достапност и ефикасно користење на водните ресурси. Воедно, планираните инвестиции преку оваа Програма ќе овозможат и производство на електрична енергија што ќе придонесе за ефикасно функционирање на ХС Лисиче – рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Потпишани првите договори од третиот повик од ИПАРД 2 програмата во вредност од 137 илјади евра

„Првите 10  договори за Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД 2 програмата, се со вкупна вредност од 137 илјади евра. Со финализирање на целата процедура во текот на месец септември очекуваме да се потпишат околу 800 договори во вредност од близу 10 милиони евра. “- истакна Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Потпишани првите договори, обезбедени вкупно 151 милион денари за набавка на приплоден добиток

Се потпишаа 7  од вкупно пристигнати 70 апликации за Набавка на приполден добиток. Преку оваа мерка на располагање се 151 милион денари, средства се обезбедени од Програмата за рурален развој. Вкупната финансиска поддршка само на овие седум договори изнесува околу 22 милиони денари пари.

Share
Прочитај повеќе

Битола доби пари за четири проекти преку Програмата за рурален развој

Во наредниот период во Општина Битола ќе се гради делот од Зелениот  градски пазар каде се продава бижутерија и цвеќе, ќе се реконструира патот за Маловишта, ќе се реконструира и патот за селото Буково, а ќе се прави и  парк во село Лопатица. Ова се четирите  проекти за кои Општина Битола доби пари  преку Програмата за рурален развој.

Share
Прочитај повеќе

Потпишани 318 договори за јавниот повик за давање на државно земјоделско земјиште под закуп до 3 хектари

-Со овие договори доделуваме 600 хектари земјоделско земјиште за локации за коишто самите земјоделци поднесоа понуди каде што има слободна земја, истакна Николовски. 
Со јавните повици од овој тип се придонесува за зголемување на обработливите земјоделски површини и се става во функција цело необработено земјоделско земјиште.

Share
Прочитај повеќе

Започна потпишувањето на договорите за мерката за инвестиции во преработувачки капацитети од последниот повик за ИПАРД 2

Од денеска започна склучувањето на договорите за мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“ од последниот повик за ИПАРД 2 програмата, кој заврши на крајот на јануари годинава.

Share
Прочитај повеќе

Склучени се 40 договори за реализација на проектот за Градење на основи за реформи во тутунскиот сектор

Склучени беа 40 договори од регионите, Радовиш, Битола, Велес,Прилеп, Демир Хисар и Крушево. Пилот активностите во зависност од регионот ќе бидат насочени кон производство на контејнерски расад за тутун, сушари за тутун за подобрување на процесот на сушење на тутунот, анализа и истражување при производството на тутун како и диверзификација на култури односно засадување на површини со луцерка, афион, стевија, ароматични растенија и пипер.

Share
Прочитај повеќе

Потпишани првите 13 договори за набавка на трактори од ИПАРД 2 Програмата

Денеска се потпишаа првите 13 договори од вкупно 692 потенцијални корисници на средства од ИПАРД 2 Програмата. Вкупната поддршка за набавка на трактори од ИПАРД 2, е околу 5,8 милиони евра. Од нив над 1,4 милиони евра се од Националното финансирање, додека близу 4,3 милиони евра се од Европските средства. Со оваа сума ќе бидат опфатени сите што имаат комплетни апликации.

Share
Прочитај повеќе

Од денес потпишување договори за ИПАРД Програмата 2014-2020

 Во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ќе бидат потпишани првите договори за ИПАРД Програмата 2014-2020.

Share
Прочитај повеќе