АПРЗ ВО БРИСЕЛ – Презентација на правото на ЕУ како дел од скринингот

Mинатата недела во Брисел се одржа објаснувачки состанок на кои претставниците на Комисијата детално го презентираа правото на ЕУ во делот на Поглавјето 11 „Земјоделство и рурален развој“, како прва фаза. А потоа како втора фаза ќе се одржат билатерални состаноци со секоја држава и секоја засегната институција од конкретното поглавје. По завршувањето на овие две фази, Комисијата подготвува извештај за скринингот и го презентира на Советот. По извршениот скрининг на соодветното поглавје, Советот одлучува за започнување на преговорите, по препорака на Комисијата.

Share
Прочитај повеќе

Република Северна Македонија успешно ги имплементира препораките од Европската Унија во областа на земјоделството

Делегација од Република Северна Македонија предводена од заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој, Авдул Селам Селами, присуствуваа на објаснувачкиот состанок кој се оддржа во Брисел.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Заеднички со сите чинители во земјоделскиот сектор, ќе ја постигнеме целта за модерно и конкурентно земјоделство

Димковски посочи дека преку проектот на Светска банка, околу 30 милиони евра ќе бидат инвестирани во изградба на откупно-дистрибутивни центри, што е важно за создавање на предуслови за амортизација на вишокот земјоделски производи и зголемување на извозот.

Share
Прочитај повеќе

Над 9,4 милијарди денари во секторот земјоделство за 2020 година

За следната година, над 6,5 милијарди денари се планирани за навремена исплата на субвенциите за мерките од растителното и сточарското производство во Програмата за директни плаќања.

Share
Прочитај повеќе

Индекси на цените во земјоделството, октомври 2019 година

Во октомври 2019 година, во споредба со октомври 2018 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 96.9, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.4.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Димковски присуствуваше на 13 работна средба на министрите за земјоделство во Југоисточна Европа

На работниот состанок се потенцираше напредокот во регионалната соработка помеѓу министерствата за земјоделство во регионот како и заедничката европска перспектива.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Агро-секторот е на прав пат

-Досега 424 млади земјоделци добија грант од 10.000 евра за да се мотивираат да се занимаваат со земјоделство, а веќе се во собраниска процедура законските измени со кои поддршката за млади земјоделци до крајот на оваа година двојно ќе се зголеми. Ќе се зголеми и поддршката за пчеларите, нагласи Димковски, додавајќи дека во врска со ИПАРД програмата сега сме меѓу петте водечки земји во црпење средства, што значи дека догодина нема да враќаме пари, туку ќе бараме повеќе.

Share
Прочитај повеќе

Употреба на биостимулатори

Ако има доволно азот во почвата, на пример, биостимулантите ќе ги стимулираат физиолошките процеси на раст и развој, што ќе резултира во подобро искористување на достапниот азот. Од друга страна, ако нема доволно приносни елементи во почвата, не постои можност биостимулаторот да го зголеми својот принос.

Share
Прочитај повеќе

Влада: Обезбедени 915 милиони денари за земјоделците, надомест за штетите на пчеларите од Демир Хисар

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на оваа седница е усвоена Предлог – програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, според која со ребалансот на буџетот на Република Северна Македонија се предвидени нови 915 милиони денари за исплата на финансиски средства на земјоделците.

Share
Прочитај повеќе

(ВИДЕО) Сашка Јованова: Животот во село не е лесен, но не би го менувала за во град

-Животот во село не би го сменила за во град, бидејќи овде се живее по опуштено, порелаксирачки. Во селото животот е прилично тежок, започнува сабајле во 4, некогаш и пред 4. Моментално сме двајцата со сопругот, береме по 5 часа до 10 часа сме на тутунот. Имаме околу 1 хектар пипер за ајвар. Имаме овоштарство-сливи стенлија, па и компир за домашни потреби. Ако си добро организиран и ако работиш плански, можат да се постигнат сите работи, истакна Сашка.

Share
Прочитај повеќе