Николовска: Земјоделци, не се мислете, подгответе ги нивите за сончоглед, субвенциите се високи

Субвенциите за 5 до 50 ха со сертифициран семенски материјал за садење на сончоглед се 23 160 денари, доволна мотивација да склучите договор со откупувачот и да набавите семе.

Share
Прочитај повеќе

Стартува кампања за договорно производство на сончоглед

Враќањето на сончогледот на македонските ниви е многу важен процес кој ќе придонесе во решавање на проблемот со пласманот на пченицата, обработување на напуштени земјоделски површини како и намалување на трговскиот дефицит преку намален увоз на суров сончоглед за преработка но и увоз на сурово масло кое понатаму преработувачките капацитети во државата ќе можат да го набавуваат од домашно производство. Како влада стоиме до земјоделците и агробизнисмените во сигурноста што значи почитување на договорите и навремена исплата на родот“, рече Ленче Николовска, посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на Република Македонија.

Share
Прочитај повеќе

Ленче Николовска: Каде без ЕДУКАЦИЈА на земјоделците?

Речиси 20 години ја следам состојбата во македонскиот аграр и исто толку време сум во постојана комуникација со земјоделци, агробизнисмени, откупувачи, трговци и институции на државата задолжени за овој сектор. Речиси 20 години, а сигурно и пред тоа, главно мото за развој на земјоделството, е потребата од едукација на земјоделските производители.

Share
Прочитај повеќе

Враќање на сончогледот на македонските ниви преку договорно производство и сигурен откуп

„Со оглед на тоа дека сончогледот е пролетна култура, се сее во март месец, а интересот е голем кај земјоделците во периодот што следи ќе има кампања за што поголемо информирање на земјоделските производители во март месец да се засеат поголеми површини од моменталните 2000 ха“, рече Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Николовска: Состојбата со откупната цена на зелката се следи, се работи и на стратегија за сигурен пласман

“Мора да се воспостави систем во кој ќе се склучуваат и почитуваат договорите, заеднички ќе следиме како ќе се одвива пласманот, која ќе биде цената на странските пазари и по која ќе ја откупуваат домашните трговци” – истакна Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Николовска: Сите земјоделци што се жалат се во право, само требаше многу порано

“Во земјоделското производство нема спектакуларни резултати за неколку месеци, но годинава ќе може да се види правецот по кој се движиме. Полесно е потоа, од добро, да направиме уште подобро. Во меѓувреме, земјоделците ќе се жалат. И со право, но требаше многу порано, така ќе ни беше полесно сега да се извлечеме од ситуација во која се наоѓа вкупниот аграр” – заврши Николовска.

Share
Прочитај повеќе