Љупчо Николовски: Создаваме конкурентно земјоделство, што ќе биде двигател на економијата

-Македонија може и треба да се потпре на земјоделството како еден од носечките столбови на економијата бидејќи ги имаме сите климатски и природни услови, плодна земја за обработка, вредни луѓе, само треба добро да се организираме и да инвестираме повеќе во едукација и нови технологии, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Уште денес се поднесуваат барања за субвенции за ориз и оризова арпа, за произведени и предадени градинарски или овошни култури како и за органско производство

Финансиска поддршка од три денари по килограм ќе може да добијат и сите земјоделци кои произвеле и предале градинарски или овошни култури од овогодинешната реколта во преработувачките капацитети.

Share
Прочитај повеќе

Утре истекува рокот за поднесување барања за произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети

Поднесувањето на барања за финансиска поддршка за произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети, завршува утре. 

Share
Прочитај повеќе

(ВИДЕО) Се одржа втората трибина во рамки на кампањата за Договорно производство на сончоглед

-Договорното производство е вистинското решение за стабилен пласман. Тие што ќе се решат да произведуваат треба да знаат дека државата ги поддржува и има заинтересираност од компаниите. Мерките ги носиме заедно со земјоделците и сите засегнати страни, а субвенциите кои ги доделуваме продонесуваат за развој на земјоделството, посочи Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Ќе се вложат близу 6 милиони денари преку Пелагонискиот плански регион, за развој на руралните средини во Пелагонија

-Нови проекти за Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион финансирани од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, преку кои ќе се унапреди земјоделството и руралниот развој во регионот, изјави Гого Видимче, директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Доделивме 30 милиони денари за рурална патна инфраструктура на пет центри за развој на плански региони

Овие средства ќе се користат за изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја на интензивна земјоделска дејност. На овој начин ќе се олесни пристапот до обработливи површини, ќе се зголеми и олесни производството на земјоделски производи“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Со измените на Законот за вино се овозможува развој на малите семејни винарии

Поточно, со измените се овозможува полесно  регистрирање на капацитети и производството на вино кое ќе може да се продава од самата винарија. Развојот на малите семејни винарии ќе придонесе и за зголемување на туристичкиот потенцијал на познатите лозарски региони во државата, а воедно и за поголем развој на пазарот на грозје и вино.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Предлозите за развој на овчарството ги разгледуваме заедно со сточарите, предвидени нови мерки за следната година

Министерот Николовски им порача на одгледувачите на овци, дека сите овие барања ќе бидат детално разгледани и веднаш ќе се направат анализи за да се види кое од овие барања може најбрзо да се реализира со цел да им се овозможи рентабилно производство на одгледувачите на овци. Исто така, министерот потенцираше дека ќе иницира средба со градоначалниците од сточарските региони со цел во најскоро време да се решат и проблемите што ги имаат одгледувачите на овци во делот на патната и канализационата инфраструктура.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ континуирано работи на развој на овчарството, сет мерки се планирани и за следната година

Од следната година со Програмата за рурален развој за 2019 година планирано е зголемување на сумата за мерката „Набавка на приплоден добиток“, од постоечките 14 милиони денари на 60 милиони денари, а паралелно ќе се работи и на измени на Правилникот за оваа мерка со цел да биде подостапна за сточарите и да има поголема искористеност.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Раскинати над 200 договори за земјоделско земјиште поради неплаќање закуп

-Се работи за земјиште што се давало под закуп на најмалку три години. Постапката за санкционирање ќе потрае, уште е во тек процесот на медијација. Сметаме дека веројатно бројот на раскинати договори ќе достигне околу 500 – 600, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе