Почнува поднесувањето барања за поддршка од земјоделскиот Интервентен фонд

Земјоделските стопанства од денеска ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка од Програмата за спроведување на Интервентниот фонд, соопшти Платежната агенција.

Share
Прочитај повеќе

Два пати е зголемено земјоделското осигурување

Минатата година Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој по основ помош за исплата на премии за осигурување на посевите исплатила безмалку 110 милиони денари, додека во 2017 година по истиот основ платежната агенција исплатила двојно помалку, односно 55,5 милиони денари.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците очекуваат од 30 до 40 отсто зголемени приноси со „капка по капка“

Од 30 до 40 отсто зголемени приноси, поголема апсорпција на ѓубрива, пониски трошоци и поконкурентно производство ќе добијат 43 земјоделци кои аплицирале за инвестиции во подземни системи за наводнување „капка по капка“. Со оваа мерка, која е дел од Програмата за рурален развој 2018, предвидени се вкупно 20 милиони денари кои ќе им се враќаат на земјоделците по реализација на инвестицијата. Кофинансирањето ќе изнесува од 50 до 75 отсто.

Share
Прочитај повеќе

Со нови вработувања платежната агенција ќе атакува за повеќе пари од ИПАРД

– Извештајот е сосема реален, Агенцијата навистина треба сеуште да ги зајакне своите капацитети. Веќе исплатените 3 милиони евра покажуваат дека сме на добар пат, а имаме таргет до крајот на годината да исплатиме 8,7 милиони евра, и со тоа навистина ќе го покриеме овој дел од извештајот. Извештајот е во фаза на очекувањата да се дозавршат исплатите“, вели Николче Бабовски, директор на Платежната Агенција.

Share
Прочитај повеќе

Зајакнување на дијалогот и соработка меѓу Платежните агенции во ЕУ со цел подобри резултати од спроведување на Заедничката земјоделска политикa

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, истакна дека искуствата и помошта што Македонија ја добива од земјите членки на ЕУ се од огромно значење за Република Северна Македонија. Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, посветено работи на прилагодување и унапредување на капацитетите, се со цел полесно воведување на заедничката земјоделска политика, како и зајакнување и модернизација на агро секторот.

Share
Прочитај повеќе

Активни три јавни повици преку Програмата за рурален развој 2019-та

Во четврток завршува јавниот повик за доставување на барања за добивање на финансиска поддршка мерка за набавка на приплоден добиток од Програмата за рурален развој. Оваа мерка на сточарите им овозможува набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла кози, високостелни педигрирани јуници, педигрирани машки и женски приплодни грла овци од увоз или од признати организации. Максималната вредност на прифатливи трошоци изнесува до 6,5 милиони денари. Повратот на средства за оваа мерка се движи од 50 до 75 % од вкупната вредност на инвестицијата во зависност од тоа во какви услови се одгледуваат.

Share
Прочитај повеќе

Исплатен долгот што дел од винарниците го имаа кон лозарите

Министерот Николовски посочи пред почетокот на новата производствена реколта, лозарите ги добија субвенциите за основната мерка за одржување на лозови насади. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски , изјави дека  праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите тогаш кога им се потребни на земјоделците ќе продолжи и во следниот период.

Share
Прочитај повеќе

Со регионална работилница во Прилеп почнува кампањата за консолидација на земјоделското земјиште

Земјоделци, сопственици на земјиште, земјоделски организации, претставници на села и локални самоуправи, геодетски фирми, претставници од Министерството и Платежната агенција, ќе учествуваат на денешната регионална работилница во Прилеп за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште.

Share
Прочитај повеќе

Санкции за манипулација при земање на субвенции

Од Платежната агенција информираат дека годишно се спречуваат малверзации до 2 милиони евра. Сепак, според директорот Бабовски, ова најчесто се случува поради недоволна информираност на земјоделците. Поради ова законот дозволува отстапки до 20 или 30 отсто од пријавените капацитети во зависност од тоа дали станува збор за сточарско или растително производство.

Share
Прочитај повеќе