Зајакнување на дијалогот и соработка меѓу Платежните агенции во ЕУ со цел подобри резултати од спроведување на Заедничката земјоделска политикa

Вести Совети

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и руралниот развој, Николче Бабовски, неговиот заменик Авдул Селам Селами, како и претставници од АФПЗРР, учестуваа на„ 45- тата конференција на директори на Платежните Агенции во Европската унија“ , која се оддржа во Букурешт, Романија.
Македонската делегација предводена од директорот Бабовски, активно учествуваше и оствари повеќе билатерални средби кои се од клучно значење за Република Северна Македонија на патот кон Европската унија.

Дел од претставниците на Европската Унија, порачаа дека сите земји членки, вклучувајќи ги и земјите кандидатки, треба да се фиокусираат кон производство на здрава храна, односно поголем број на органски производи како и користење на потенцијалот за обновливи извори на енергија.
Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, истакна дека искуствата и помошта што Македонија ја добива од земјите членки на ЕУ се од огромно значење за Република Северна Македонија. Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, посветено работи на прилагодување и унапредување на капацитетите, се со цел полесно воведување на заедничката земјоделска политика, како и зајакнување и модернизација на агро секторот.
„Размената на искуства, примената на нови современи техники и технологии се од огромно значeње за сите нас. Автоматизација на процесот на доделување на субвенции за земјоделците, олеснување и поедноставување на исплатата на средствата како и унапредување на домашните фарми, се клучните нешта на кои треба посветено да се работи во наредниот период. Целта е Република Северна Македонија, лесно да се прилагоди кон заедничката Европска земјоделска политика. Само со освовременување на земјоделството и со воведување на нови технологии домашниот агро сектор може да се развива, унапредува. Европските фондови како и ИПАРД Прогрмите се од клучно значење во осовременување и модернизација на домашните земјоделски и преработувачки капацитети.“ – рече Бабовски“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *