Гром удри во трло со овци и кози
Гром удри во трло со стада овци и кози викендов, при невреме во Кавадарци. Повредени беа две животни, а сопствениците на фармата успеаја да го спасат само едното.
Прочитај повеќеза вистински земјоделци
Гром удри во трло со стада овци и кози викендов, при невреме во Кавадарци. Повредени беа две животни, а сопствениците на фармата успеаја да го спасат само едното.
Прочитај повеќеПораст на индексите на трошоците на животот во април 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 3.6 %, замрзнатото овошје за 1.2 %, другите преработки од месо за 0.9 %, месото за 0.7 %, другите прехранбени производи за 0.6 %, млекото за 0.5 %, сувото овошје и јаткастите производи за 0.4 %, трбушките и цигарите за 0.3 %, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.2 %.
Прочитај повеќеВо селото Слепче кое е најпогодено од невремето, врнел град којшто во еден момент го послал селото како снежна покрива. Засега нема информации за евентуални штети во земјоделските посеви од временската непогода.
Прочитај повеќе– Оштетени се околу 50 хектари лозови и овошни насади. Се препорачува на лозарите после градот да ги третираат лозјата со бакарни средства со цел да се излечат раните врз ластарите во лозјата, рече за МИА Драган Николов, советник во подрачната единица на агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.
Прочитај повеќеКај пчеларството во месец мај настапува првата главна паша од еспарзета и бел багрем. Има и многу други видови дрвенести грмушки и тревни видови: бука, летен даб, јавор, детелина, кориандер и др.
Прочитај повеќеОвчарството во месец мај е поврзано со посебна грижа за животните во периодот по одвикнување и реализација на јагнињата и нивното преминување кон пасиштата.
Веднаш по одвикнувањето јагнињата не смеат да се пуштаат на сочна паша бидејки може да добијат дијареа и лесно да ослабат.
Животните воглавно се пуштаат на зелена паша и преминот од есенско-зимско хранење кон пролетно – летно е во тек. Во овој период
тревите се богати со фитоестрогени, кои што можат да предизвикаат абортус кај
животните во ран стадиум на бременост.
Засадените домати се преполовуваат за 5
до 7 дена со искоренување на растенијата и се поставува потпорна конструкција. По
пресадувањето се врши првото, а по 10 – 15 дена и второто окопување на доматите.
Лозјата се чистат од плевели преку плитка обработка на почвата. Кај лозјата засадени на ридест терен се прават прекинати ровови / бразди за заштита од ерозија и собирање на одводните води.
Прочитај повеќеВо мај се врши првото прскање против најопасниот штетник на црешата:
црешина мува. Раните сорти не се прскаат со инсектицид против овој штетник, затоа
што тој не ги напаѓа овие сорти.