Во производната 2017 година тутунот беше засаден на површина од 14.415 ха, и склучени беа вкупно 29.354 договори

Според процентот на учество на класите во 2017 година суровиот тутун најмногу се откупува во I и II класа (93% во вкупно откупената количина), во IIIкласа околу 6%, а остатокот во IV класа и дополнителите класи.
Учеството на I-та класа во реколта 2017 година изнесува 30% што претставува зголемување за 14% во однос на реколта 2016 година и околу 18% во однос на реколта 2015 година.

Share
Прочитај повеќе

Од договорените 27 милиони килограми тутун, неизвесно дали ќе се испорачаат 20

Тутунарите не ја делат оценката со Стопанската комора на Македонија дека откупната цена на тутунот годинава ќе биде пониска, но се согласни оти неповолните временски услови се одразија врз квантитетот поради што е неизвесно дали ќе се испорачаат договорените 27 милиони килограми, колку што бараат откупувачите.

Share
Прочитај повеќе

Стопанската комора очекува пониски откупни цени на тутунот

Комората го поздравува изготвувањето на новиот закон за тутун и очекува негово што поскоро донесување. Со ова законско решение, напомена Ристовски, ќе се решат горливите проблеми во тутунската индустрија, а и Македонија ќе биде прва земја во ЈИЕ што ќе го регулира овој сегмент од стопанството.

Share
Прочитај повеќе

Тутунарите бараат субвенциите да се исплаќаат по килограм тутун, а не по класа

Тутунопроизводителите од под плачковичките села во Карбинскиот регион бараат да се врати стариот модел на субвенционирање со линеарна исплата за предадените количини тутун, без разлика на класа.

Share
Прочитај повеќе

Во тек е расадувањето на тутунот од новата реколта, тутунарите бараат повисоки цени за 20 отсто

– Откупувачите начелно прифаќаат зголемување на цената за 20 отсто и дека ќе се регулира со анекс договори. Затоа се уште не се склучени договорите. Со оглед на тоа дека Владата ги зголеми субвенциите, тогаш цените треба да ги зголемат и откупувачите на кои им е потребен ориенталниот ароматичен тутун од Македонија, потенцира Данчо Милески.

Share
Прочитај повеќе

Денеска ќе се исплатат преостанатите 20% субвенции за тутун на 3.828 тутунопроизводители

Денеска ќе се исплатат 235 милиони денари или близу 3,9 милиони евра субвенции за тутунот од реколтата 2017, на 3.828 тутунопроизводители.
Оваа сума е дел од преостанатите 20 отсто за исплата на субвенциите за тутунот. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги обработува решенијата за преостанатите субвенции за тутунот, и се очекува исплатата комплетно да заврши во текот на следната недела.

Share
Прочитај повеќе

Денеска се исплатени 80% од субвенциите за тутунот во вредност од 22 милиони евра

Денеска се исплатени 80% од субвенците за тутунот во вредност од 22 милиони евра, наменети за 20.880 тутунари.
Според новиот модел на зголемено субвенционирање оваа година зголемени субвенции добиваат над 23.400 тутунари. Постигнавме и убедливо највисока просечна цена за тутунот од 217,6 денари за килограм.

Share
Прочитај повеќе

Денеска започнува исплатата за тутунот, Николовски во посета на село Ивањевци во општина Могила

По овој повод, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на Платежната агенција Николче Бабовски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски ќе одржат прес-конференција во село Ивањевци, општина Могила, на која ќе соопштат детали околу  исплатата на поддршката.

Share
Прочитај повеќе

Утре започнува исплатата на субвенциите за тутунот

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во моментов ги подготвува решенијата за исплата по што ќе следува исплатата на субвенциите.
Според податоците, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари.

Share
Прочитај повеќе

Високите откупни цени и субвенциите ги зголемија површините со тутун во Струмичко

– Тоа е поради добрата цена и самите субвенции што се зголемени – 80 денари за прва, 70 за втора и 60 за трета и како што е најавено од денес треба да се исплаќаат субвенциите. Тоа им дава поттик на самите производители да го зголемат производството на тутун, вели Марјан Трајков, претседател на Здружението на тутунопроизводотели „Басмак“ од општина Василево.

Share
Прочитај повеќе