„СЕКЕ“ ДООЕЛ Прилеп: Немаме никаква поврзаност со рускиот бизнисмен Иван Савидис

Компaнијата „СЕКЕ“ ДООЕЛ Прилеп ги демантира сите тврдења за каква било поврзаност на компанијата со рускиот бизнисмен Иван Савидис, како и наводите за поврзаност со Владата, премиерот Зоран Заев и која било политичка партија во Македонија.

Share
Прочитај повеќе

Склучени се 40 договори за реализација на проектот за Градење на основи за реформи во тутунскиот сектор

Склучени беа 40 договори од регионите, Радовиш, Битола, Велес,Прилеп, Демир Хисар и Крушево. Пилот активностите во зависност од регионот ќе бидат насочени кон производство на контејнерски расад за тутун, сушари за тутун за подобрување на процесот на сушење на тутунот, анализа и истражување при производството на тутун како и диверзификација на култури односно засадување на површини со луцерка, афион, стевија, ароматични растенија и пипер.

Share
Прочитај повеќе

По 12 години тутунарите ќе добијат нов закон за тутун

Откупувачите ќе бидат должни евиденцијата на катастарските парцели, површините и склучените договори со производителите да ги поднесуваат електронски до Министерството за земјоделство. Договорот за откуп се склучува најдоцна до 31 март во тековната година.

Share
Прочитај повеќе

Тутунопроизводството важно за Македонија, годишно се обезбедуваат 100 милиони евра девизен прилив

Производството на тутун добива се поголема стратешка важност за државната економија и е значителна ставка во полнењето на државниот буџет. На позитивните биланси после откупот на минатогодишната реколта, се надоврзуваат уште и нагорните трендови во вредноста на извезениот тутун.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски ја посети грчката тутунска компанија “Секе” во Крушево

– Крушевскиот регион е еден од поголемите производствени региони за тутун. Грчката компанија „Секе“ која во пресрет на новата откупна сезона со нова инвестиција се подготвува за откуп на тутун, ја зголемува конкуренцијата кај откупувачите. Го запознавме раководството со новиот Закон за тутун преку кој ќе се олеснат административните процедури при откуп, истакна министерот.

Share
Прочитај повеќе

Кражби на тутун во прилепско, тутунарите трета година со ист проблем

Иако 3 години со ред масовно се крадел тутун кој се суши на скелињата, досега не бил решен ниту еден од овие случаи. Последниот грабеж бил извршен пред два дена кога на прилепчанецот Томе Бубрегоски му биле украдени 155 низи со тутун.

Share
Прочитај повеќе

Во Македонија влегуваат нови тутунски производи

На македонскиот пазар конечно ќе има понуда на нови тутунски производи. Ќе се продава тутун за водено луле (за наргиле), тутун за џвакање, тутун за шмркање и несогорлив тутунски производ. За овие тутунски производи ќе мора да се плаќаат акцизи, кои се со различна висина и ќе се менуваат од година во година.

Share
Прочитај повеќе

Прилепските тутунари загрижени за родот

– Тутунот израсна наеднаш, кревок е и му треба сонце за да добие на квалитет. Листовите се поголеми и од параметрите што се пропишани за откуп. Значи, ќе падне квалитетот доколку не го „испече“ сонцето за да добие на тежина. А годинава вложивме многу во заштитни препарати. Тешка година е. Има време во август и септември, ако има сонце да се поправи ситуацијата, ама загрижени сме. Што ако има квантитет, а нема квалитет, напоменува Тошески.

Share
Прочитај повеќе

Заврши пријавувањето на штети во Могила, најмногу настрадан тутунот

Заклучно со 16 јули кога беше и крајниот рок за пријавување, поднесени се околу 150 барања, а зафатени се од 350 до 400 хектари обработливо земјоделско земјиште, вели градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска. Земјоделците од овие села најмногу штети имаат пријавено за тутунот, потоа се житните култури и лозовите насади.

Share
Прочитај повеќе

Новиот закон за тутун ќе ги намали бирократските обврски на тутунопроизводителите

Обезбедување на семенски материјал и други репроматеријали, авансирање на производството, заштита на тутунот на нива од болести, штетници и плевели во согласност со прописите за добра земјоделска пракса, сите овие аспекти од тутунопроизводството што ги погодува тутунопроизводителите и целиот процес ќе бидат полесно и подобро организирани во полза на тутунопроизводителите.

Share
Прочитај повеќе