Вицепремиерот Николовски во Санкт Петербург: Средба со заменикот министер за земјоделство на Руската Федерација г. Сергеј Левин

Вести

Денеска, во Санкт Петербург во рамки на меѓународниот економски форум (SPIEF 2021), како копретседател на македонскиот дел на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација, остварив средба со заменикот министер за земјоделство на Руската Федерација г. Сергеј Левин.

На средбата ја потврдивме досегашната соработката помеѓу двете држави, а воедно се прецизираше и потребата од продлабочување и зајакнување на соработката во земјоделскиот сектор преку организирање бизнис форум помеѓу компании од двете земји, отворање откупни центри во повеќе региони и соработка помеѓу инспекциските служби за полесен извоз на македонски производи во Руската Федерација.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *