Владата одобри 900 милиони денари за заостанати субвенции од 2019 година

Вести

На денешната седница на Владата на МКД се одобрија 900 милиони денари, дополнителни финансиски средства за Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година. Овие средства ќе бидат наменети за да се исплатат финансиски средства за заостанати обврски од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година и тоа за:

– предадено млеко кај регистрирани откупувачи и тоа исплата на финансиски средства за период од октомври 2018 година до септември 2019 година,
– предадени овошни култури во преработувачки капацитети,
– предадени градинарски култури во преработувачки капацити,
– финансиска поддршка за органско производство,
– финансиска поддршка за подрачја со ограничени можности,
– исплата на финансиски средства од останатите мерки.

Владата на РСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во услови на криза се грижи за своите земјоделци кои се најбитна алка во процесот на обезбедување на храна и развој на економијата.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *