Во Делчево и Берово утре ќе се врши авионско и теристичко третирање против комарци

Вести

Во Делчево како што информираат од Општината прскањето ќе се спроведе во раните утрински часови, поради што апелираа до пчеларите за времетраење на прскањето да ги затворат кошниците со пчели.

Во Делчево и Берово утре ќе се прска против комарци. Во Делчево како што информираат од Општината прскањето ќе се спроведе во раните утрински часови, поради што апелираа до пчеларите за времетраење на прскањето да ги затворат кошниците со пчели.

– Авионското третирање против возрасни комарци во Делчево ќе се спроведе на ден 6 јули 2021 година во периодот од 5 до 8 часот наутро. Со прскањето ќе бидат опфатена зелени површини од 300 хектари лево и десно од речното корито на Брегалница, на потегот од централното градско подрачје до езеро Сандански како и во населбите Старо Делчево, Таушанско Маало, Стрелиште, Ново Делчево, Милково Брдо, Басарица и населба Пролет. За време на третирањето, како и во период од 3 до 4 часа по прскањето, апелираме пчеларите да ги затворат кошниците со пчели, информираа од Општината.

Во Берово како што информираа од Општината, за утревечер е закажана втора фаза од теристичката дезинфекција против комарци.

-Согласно Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести, утревечер 6 јули 2021 година (вторник) во периодот од 22:00 до 2:00 часот, ќе се спроведе втора фаза од теристичката дезинфекција, со цел уништување на комарците. Со оглед на тоа, дека, активностите ќе се изведуваат во ноќните часови, се известува населението да не излегува и да ги затвори своите прозори, истакнаа од Општината.

Во случај на врнежи, прскањето против комарци и во двете општини ќе биде одложено за наредниот ден.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *