Завршен настан на проектот „Мерење на нивото на зајакнaтост на жените во земјоделството со примена на експериментален економски метод“

Вести

Вчера се одржа завршниот настан на проектот „Мерење на нивото на зајакнaтост на жените во земјоделството со примена на експериментален економски метод“ организиран од Факултетот за земјоделски науки и храна и UN Women Skopje, со цел презентација на:

-Индекс на зајакнатост на жените во земјоделството

-Моќта на жените во донесувањето на одлуки во земјоделските стопанства

-Родово-сензитивната анализа на програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Факултетот за земјоделски науки и храна, упати голема благодарност до институциите за успешната соработка, придонесот во реализација на активностите и можноста за зајакната соработка и поттикнување на идни интервенции за зајакнување на жените во земјоделскиот сектор:

-Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
-Министерство за труд и социјална политика
-Министерство за финансии
-Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
-Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството
-Национална федерација на фармери
-Мрежа на жени

 

“Современо Земјоделство”

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *