85 милиони евра денеска исплатени за обесштетување на земјоделците од Ресен

Денескa се исплатени 85 милиони во ресенскиот регион кој беше најпогоден во 2017. Вкупно 2.355 земјоделци од Ресен кои претрпеа загуби, денеска можат да си ги подигнат парите.
Со оваа исплата започна обештетувањето, а вкупно ќе се исплатат над 4 милиони евра за обесштетување на 17.500 баратели во сите региони погодени од временските непогоди во 2017.

Share
Прочитај повеќе

Придобивки од органските производи

Органските производи содржат повеќе природни хранливи материи, како што се природните шеќери, витамин Ц, каротиноиди, антиоксиданси, и поголеми количини минерални материи како: калциум, магнезиум и железо. На пример, органското млеко содржи повеќе омега 3 масни киселини, а органските компири содржат повеќе витамин Ц. Еден од најмоќните антиоксиданси – ресвератролот – често се сретнува во органските производи, а се смета дека ги штити крвните садови.

Share
Прочитај повеќе

Европол: Од пазарите отстранети 3.600 тони опасна храна

Во рамки на истрагата „ОПСОН“ биле конфискувани големи количества расипано месо, хемиски обоена туна и шверцувано адаптирано млеко за бебиња. Истрагата траела четири месеци, односно од декември 2017 до март 2018 година, а била спроведена во 67 држави.

Share
Прочитај повеќе

Половина од познатиот дреновски кромид замина за Хрватска

– Најдобро е кога произведениот кромид има организиран пласман и се купува од меѓата на нивата. Така беше и оваа година при продажбата на околу половина од нашето производство, би рекол и од целата Тиквешија. Сега нема организиран откуп за хрватскиот пазар. Се снаоѓаме некако. Доаѓаат трговци од Скопје и купуваат одредени количини, па ги препродаваат таму на кванташки пазар. Продаваме и на пазарите во Битола и Прилеп. На македонскиот пазар потрошувачката е помала, можеби има зголемено производство, па цената е пониска, рече Ванчо Долев, производител на кромид.

Share
Прочитај повеќе

Шесте најдобри вински региони во Европа

Живописните пејзажи, екстензивните лозја, богатата историја и најдобрите вина во светот – што повеќе сакаат љубителите на вино и патувањата? „Wanderlust“ раскажува за шесте најдобри региони на вино во Европа.

Share
Прочитај повеќе