Потребен е концепт за традиционално производство на храна и рурален туризам

Се бараат соодветни одредби за традиционално производство и рурален туризам, затоа што целокупниот туризам не функционира под исти услови, беше речено меѓу другото во Росоман, на средба на заинтересирани претставници за развој на туризмот во селата од Вардарскиот регион. Сопственици на капацитети во рурални средини и такви кои сакаат со таа дејност да се занимаваат во иднина, се осврнаа на проблемите што ги имаат во изминатиот период, на патот кон реализирање на плановите.

Share
Прочитај повеќе

Со формирање на Локалните акциони групи до директен економски бенефит за македонските земјоделци

Со формирањето на ЛАГ-вите во делот на земјоделството исто така се отвораат бројни можности за брендирање и промоција на македонските автохтони земјоделски производи. Со тоа ќе се зголеми препознатливоста на македонските производи за домашните и странските купувачи, што претставува директен економски бенефит за македонските производители на земјоделски производи.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Го вративме достоинството на земјоделците

Постигнавме највисока откупна цена на тутунот од 217.6 денари, а 424 млади земјоделци добија грантови од по 10.000 евра за да започнат сопствен агро бизнис. Со мерката за поврат на персоналниот данок, 65.000 земјоделци добиваат износ еднаков на задржаниот данок,  потенцираше министерот Љупчо Николовски на вчерашната средба со граѓаните од Општина Дебарца, каде ги презентираше новите мерки со кои ги враќаат парите кај граѓаните.

Share
Прочитај повеќе

Намалената побарувачка ги преполови откупните цени на струмичките домати

– Цените паднаа, но не многу и на некој начин се нормални за овој период. Доматите, кои изминатите денови се откупуваа и до 50 денари за килограм, од денеска се преземаат од трговците од 20 до 25 денари за килограм. Краставиците се откупуваат по цена од 20 до 25 денари, а пиперките 40 денари за килограм, изјави Коце Божиков, земјоделец од село Дабиле.

Share
Прочитај повеќе

Штетите на грозјето и праските во Росоман од градот се од 20 до 100 проценти

Според податоците од стручните служби, градот оштетил околу 50 ха лозов насад и над 30 ха праски. Насадите од праски кои беа погодени од градот, според земјоделските стручњаци ќе имаат послаб и понеквалитетен род а проблем ќе има и да се остават родни и здрави гранки за следната реколта. Поради ваквите состојби постојано се апелира до земјоделците за поставување на заштитни мрежи или осигурување на родот.

Share
Прочитај повеќе

Зелена нафта – до почетокот на есенската сеидба

Во платежната агенција – АФПЗРР, преку која ќе се реализира мерката се прават подготовките за неопходните картички што  ќе ги добиваат земјоделците. Целиот процес би требало да заврши најдоцна до октомври  пред почетокот на есенската седидба кога се очекува  да почне да се користи зелената нафта.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделски култури ќе го чистат нафтениот талог од отпадот на Рафинерија

Веќе се поставени првите два опита на парцели од по 200 метри квадратни. Всушност, врз почва претходно измешана со нафтен талог во бетонски базени кои не пропуштаат вода, се засеани шест култури: минатата есен рж, јачмен и пченица, а пролетва пченка, маслодајна репка и сирак. Нивните коренови системи го вршат биоразградувањето. 

Share
Прочитај повеќе

Лозјата во Тиквешијата зафатени со болеста пламеница

– Веќе регистриравме појава на пламеница. На производителите на грозје во чии лозја е забележана болеста, им препорачуваме прскање со системични и контактни препарати, за да го спасат родот на виновите лози. Сега засега, пламеница имаме евидентирано во кавадаречките села Возарци, Шивец и Дреново, како и во росоманското село Манастирец, појасни Николов.

Share
Прочитај повеќе

Колективен договор за подобри услови за работа и повисоки плати на вработените во Шумска полиција

Во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство се одржа состанок со претставници од Шумската полиција. На средбата беше договорено да се формира работна група за да се подготви колективен договор којшто ќе придонесе за поголема ефикасност на Шумската полиција и зголемување на платите на вработените во Шумската полиција.

Share
Прочитај повеќе

Иновативен проект за пренамена на нафтен отпад во плодно земјиште

Во компанијата ОКТА денеска ќе биде презентиран иновативниот проект за пренамена на нафтениот отпад во плодно земјиште, спроведен од компанијата и Факултетот за земјоделски науки и храна.

Share
Прочитај повеќе