Пчеларство – календар за месец април
Овој месец процветуваат сите овошни видови од кои што пчелите собираат полен и нектар. Кон крајот на месецот се врши замена на старите пчели кои што презимиле, со нови.
Прочитај повеќеза вистински земјоделци
Овој месец процветуваат сите овошни видови од кои што пчелите собираат полен и нектар. Кон крајот на месецот се врши замена на старите пчели кои што презимиле, со нови.
Прочитај повеќеВо месец април козите со задоволство пасат млада сочна трева и млади кршливи
гранчиња од дрвата и грмушките. Оваа храна е со висока содржина на вода, а мала
хранлива вредност и има лаксативно дејство, што е предуслов за стомачно растројство.
Неопходно е што повеќе да се искористат сончевите денови и животните да
се изведат на прошетка и на пасење на отворено. Особено внимание треба да се посвети на соодветно избалансираната храна.
Рок на сеидба:
Ориз – 20.04 – 20.05
Памук – 20.04 – 05.05
Пченка – 10.04 – 30.04
Кикиритки – 10.04 – 30.04
Во овој период кроењето на лозјата веќе треба да биде завршено. Доколку не е
извршена пролетна обработка и внесување на ѓубрива, потребно е во текот на овој месец
да се заврши со таа агротехничка мерка.
Раните домати се препорачува да бидат посадени во период од 17 до 30-ти април,
средно касните во периодот од 25 април до 15 мај. Краставиците се препорачува да бидат посадени во период од 25 април до 10 мај.
Во месец април започнува интензивната заштита на растенијата кај овошните видови.
Првиот третман, во текот на самиот почеток на вегетацијата има за цел да не се дозволи
масивен развој на болестите и штетниците. Исто така, во овој период почнува и обработката на почвата за уништување на плевелите.