Цуцулоски: Земјоделците да не го чекаат крајниот рок за аплицирање за субвенции

-Досега во ПЕ Битола, пријавени се 600 апликации за субвенции, а поднесени се околу 170 барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од октомври до декември 2017 година. Апелираме до земјоделците навремено да ги пријават засадените површини за да не се создаваат гужви, со оглед на тоа што очекуваме 5000 апликации за субвенции и 1100 барања за произведено и предадено млеко, – истакна Александар Цуцулоски, раководител на МЗШВ ПЕ Битола.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Се забранува вршење на риболов во периодот на природен мрест на рибите

Забраната за вршење риболов во одделни риболовни води и видови риби се донесува заради овозможување на непречен природен мрест на рибите, а врз основа на доставениот предлог за забрана на риболов од Македонската риболовна федерација, на барање на концесионерите на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони.

Share
Прочитај повеќе

Од смрчки можат да се заработат и по стотици евра дневно

-Навистина многу се вкусни. Сите видови се разликуваат по својот квалитет. Нормално, најскапите се и најквалитетни. Јас лично само ги обарувам па пржам, ништо друго не им додавам кога ги приготвувам. Прсти да излижеш, нагласи Атанас од Кавадарци, додавајќи дека има добра заработувачка, ако човек точно знае каде да ги бара, затоа што не секаде ги има. Покрај во стари и напуштени лозја, најчесто растат и во стари и напуштени овоштарници со сливи или јаболки. Една од сортите исто така многу можела да се најде таму каде што имало и брест.

Share
Прочитај повеќе

Продолжува вакцинацијата во краварските фарми

Продолжува вакцинацијата на говедата против болеста „јазлеста кожа“. Вакцинацијата ќе трае до 31-ви мај, а се спроведува согласно Годишната програма за здравствена заштита на животните од страна на овластените ветеринарни друштва.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Интензивни разговори за пласман на зелка на рускиот пазар

– Секој ден сме на терен во Струмичко. Вложуваме максимални напори да го олесниме извозот, но притисокот од други земји е многу голем и си го прави своето. Цената е многу поконкурентна од нашата, потенцира Николовски, додавајќи дека со Москва се разговарало и за царинските давачки кон Македонија. Средби со производителите од Струмичко ќе има денес зашто Министерството, како што рече Николовски, упорно се труди да најде решение.

Share
Прочитај повеќе

Витаминка започна со производството на „Брилијант“

Според генералниот директор на „Витаминка“, Сашо Наумоски, новиот „Брилијант“ е тројно рафинирано масло за јадење произведено со современа и технолошки модерна германска опрема што ја прави фабриката во Штип единствена на Балканот со три рафинатори во производниот процес. Ова е нова фаза на работењето на „Витаминка“.

Share
Прочитај повеќе

Започна полнењето на оризовите полиња во Кочанско

Годинава со хидросистемот ќе наводнуваме околу 8.700 хектари земјоделско земјиште во Виничко, Кочанско, Штипско, Пробиштипско и Светиниколско. Од тоа околу 3.700 хектари ќе се засеат со ориз, а останатите површини се под други земјоделски култури, истакна директорот на водостопанската подружница „Брегалница“, Дени Митров.

Share
Прочитај повеќе

Поповолни очекувања во преработувачката индустрија

Раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија имаат поповолни очекувања за обемот на производството во наредните три месеци во однос на февруари, додека залихите на готови производи се намалени, објави Државниот завод за статистика.

Share
Прочитај повеќе

Шумската полиција до средината на мај ќе добие колективен договор

– Се дискутираше за постапката пред другите надлежни органи, со што ќе се увиди потребата од прекувремени часови. Се очекува до средината на мај да заврши процесот на преговори во однос на потпишувањето на колективниот договор, стои во соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Share
Прочитај повеќе