Денеска ќе се исплатат преостанатите 20% субвенции за тутун на 3.828 тутунопроизводители

Денеска ќе се исплатат 235 милиони денари или близу 3,9 милиони евра субвенции за тутунот од реколтата 2017, на 3.828 тутунопроизводители.
Оваа сума е дел од преостанатите 20 отсто за исплата на субвенциите за тутунот. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги обработува решенијата за преостанатите субвенции за тутунот, и се очекува исплатата комплетно да заврши во текот на следната недела.

Share
Прочитај повеќе

Селфи во кавадаречко лозје од 1928 година

– Ова е дел од колекцијата за Кавадарци низ стари фотографии. На црно белата фотографија се жени, берачи на грозје, во лозјето на Шкартови. Фотографијата ја направил фотографот Илија Шкартов, кој и самиот е на фотката со помош на самослик. Фотографијата е од 1928 година, вели пензионираниот историчар Петре Камчевски, до неодамна директор на кавадаречкиот Музеј.

Share
Прочитај повеќе

Од утре започнува исплатата на 14 милиони денари субвенции за произведено и предадено овошје и градинарски култури

Од утре започнува исплатата на 14 милиони денари субвенции за произведено и предадено овошје, за произведени и продадени градинарски култури во преработувачки капацитетии и за интервентните мерки за дополнителна субвенција од 6 денари за килограм праски и 2 денари за килограм лубеници.

Share
Прочитај повеќе

Канабисoт би можел во Македонија да донесе 100 милиони евра годишно

Седум компании во Македонија со мешан капитал произведуваат канабис од кој потоа ќе се произведува масло за медицинска употреба. Интересите за оваа индустрија се зголемуваат и затоа владата работи на уште подобро уредување на оваа деликатна дејност. Очекувањата се дека покрај нови работни места, оваа индустрија може на државата да и донесе приход од приближно сто милиони евра годишно.

Share
Прочитај повеќе

Пријавување субвенции за млеко уште денес и утре

Висината на поддршката е 3,5 денари за еден литар кравјо и 4 за овчо и козјо млеко. Барањата се поднесуваат по електронски пат до 23-ти мај во подрачните единици на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство или фармата.

Share
Прочитај повеќе

Нов систем за наводнување во валандовско, објавен јавниот повик за изведувач за Програмата Јужновардарска долина втора фаза

Овој систем кој што се наоѓа во Општина Валандово покрива наводнувана површина од 2.032 хектари. Четирите пре-пумпни станици ќе обезбедат вода за 1.080 хектари во долната зона и 952 хектари во горната зона. Проектот Јужно-вардарска долина е од витално значење за земјоделството во јужниот регион и со неговата реализација долгорочно и трајно ќе се реши проблемот со обезбедување на вода за наводнување во овој регион.

Share
Прочитај повеќе

Галички кашкавал, „станушина“ и македонски мед на „Тера Мадре Балкан“ во Брисел

Галички кашкавал, вино „станушина“ и мед од Македонска медоносна пчела, се само дел од нашите традиционални производи што ќе се дегустираат на 5. „Тера Мадре Балкан“ во Брисел. Годинашната средба на мрежата на организациите на Слоу фуд од Регионот почнува денеска и ќе трае до 23 мај.

Share
Прочитај повеќе

ФАО: Со отсуството на пчелите би се искорениле културите кои зависат од опрашување

Родот и квалитетот на повеќе од 75 проценти од светските прехранбени производи се потпира до одреден степен на функцијата на опрашувачите.  Отсуството на пчелите и други опрашувачи би ги искоренило кафето, јаболката, бадемите, доматот и какаото – само дел од културите кои зависат од опрашување.

Share
Прочитај повеќе

ФАО ќе и помага на Македонија за отворањето на поглавјата од областа на земјоделството

Генералниот директор Хозе Грациано да Силва изрази силно уверување дека ФАО ќе се вклучи активно и ќе ги ангажира сите свои капацитети како главен партнер на МЗШВ при отпочнување на преговорите со Европската унија и отворање на поглавјата за земјоделство, рурален развој и безбедност на храна.
Воедно, генералниот директор ја презентираше финансиската рамка за Зелениот климатски фонд чија вредност е 250 милиони евра.

Share
Прочитај повеќе

Зелената енергија во препород на Овчеполието

Идејата Свети Николе да стане центар на инвестиции од областа на обновливите извори на енергија за општината природно се наметнала со оглед на природните карактеристики. На првата средба каде се разгледуваше идејата за јавно приватно партнерство во призводство на зелена енергија беа присутни големи компании кои своите капацитети сакаат да го прошират и во Македонија. Секако, тоа во многу ќе зависи и од енергетската политика на државата, која со години го субвенционира производството на зелена енергија.

Share
Прочитај повеќе