Вчера и денес се исплаќаат штетите од мразот, Агенцијата исплати околу 89 милиони денари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Неготино информираше дека денеска и вчера за земјоделците од неготинскиот регион се исплатени над 25 милиони денари за обесштетувањата од временските непогоди што се случија минатата година, односно мразот. А, вкупно и за дел од останатите региони од државата, денеска и вчера по основ на обештетувања Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати околу 89 милиони денари. Преостанатите исплати на обесштетувањата ќе се реализираат во текот на следната недела.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Доставени се првичните проценки за откуп на винарските визби

„Веќе имавме средба со винарските визби и се доставени првичните проценки за откуп на винарските визби. Оваа година винарските визби немаат залихи и ќе побаруваат околу 150 илјади тони грозје. Денеска сме на средба со лозарите која ја одржуваме навреме пред бербата, изјави Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Модернизација на млекопроизводството во Пелагонија

Опремата ја набави Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, во соработка со компаниите „Здравје Радово“, „Екошар“, „Сано“ и „Маранчо“, а ќе биде промовирана денеска на сточарска фарма во селото Могила.
УСАИД предвидува и обуки за добри сточарски практики (хигиена на фарми, здравје на добитокот, генетика на сточниот фонд), кои ќе ги зголемат продуктивноста и приходите на фармите вклучени во проектот.

Share
Прочитај повеќе

Викенд Агро – метео

Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд проследени со ретки грмежи, пообилни во јужните делови, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен, северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од 8 до 17, а  дневната од 12 до 22 степена. УВ-индексот ќе изнесува 4.

Share
Прочитај повеќе

Трибина со лозарите од Тиквешко пред бербата на грозјето

Трибина со лозарите од тиквешкиот регион ќе се одржи денеска во Неготино. Организирана е пред почетокот на бербата на грозјето за да се видат очекувањата и состојбата на терен со насадите. На трибината ќе учествува и министерот за земјоделство, шумарство и водостапнство Љупчо Николовски за да ги слушне предлозите на лозарите

Share
Прочитај повеќе