МЗШВ ќе потпише меморандум за соработка во земјоделството со Хашемитското Кралство Јордан

Главна заложба ќе биде да се отстранат или намалат царинските бариери, со што македонските овошја и раноградинарски производи би се нашле на тамошниот пазар во рамноправна положба со европските.

Share
Прочитај повеќе

Вратени 17 тони македонски домат наменет за руски пазар

Руската земјоделска инспекција, при извршена контрола на увезените производи, утврдила присуство на т.н. јужноамерикански доматен молец. Руската федерација веднаш ја вратила пратката во Македонија, со цел да спречи натамошно ширење на овие штетници во нивната земја.

Share
Прочитај повеќе

Со експертиза на ФАО, МЗШВ успешно ги спроведува активностите за консолидација на земјоделско земјиште

Измените на Законот за консолидација на земјоделско земјиште, кои се усвоија од страна на Собранието минатиот месец, се важен чекор кон ефикасно и транспарентно спроведување на активностите. Во моментот на терен се спроведува консолидација на земјоделското земјиште на 12-те избрани подрачја во земјата.

Share
Прочитај повеќе

Поројни дождови до крајот на неделата

Денес и во четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од сабота се очекува промена на временската состојба, ќе дува северен ветер и ќе предизвика пад на температурата, а се уште ќе има локални врнежи од дожд.

Share
Прочитај повеќе

ЈАВЕН ПОВИК за продажба на земјоделско земјиште под оранжерии и помошни објекти

Со откуп на земјиштето сопствениците ќе имаат можност да конкурираат за ИПАРД Програмите, со цел модернизација на капацитетите и зголемување на производството.
Понудите треба да се достават МЗШВ, во рок од 60 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

Share
Прочитај повеќе

50 отсто кофинансирање на трошоците за набавка на заштитна мрежа преку ИПАРД

-Ја препознаваме потребата за градобијна заштита и ги потврдуваме нашите заложби за реализација на ваква мерка, потенцираше министерот Љупчо Николовски на трибината со земјоделците од ресенско.

Share
Прочитај повеќе

Невремето досега предизвика штети од околу 5 милиони евра

Околу пет милиони евра според првичните проценки на земјоделците се штетите во овчеполието од невремето минатата недела.
Сепак велат дека ќе почекаат комисиите да завршат со работа и за 10 дена да  кажат колку точно изнесуваат штетите.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците бараат начини да се заштитат од климатските промени

Земјоделците велат има периоди кога само за 24 часа се јавува разлика во температурата и до 20  степени, а сето тоа им прави сериозни проблеми, пред се  во растителното  производството.  Наглите промени во времето веќе почнале да влијаат на квалитетот, а посебно  евидентно било  намалувањето на  приносите.

Share
Прочитај повеќе