Николовски: Воведуваме мерки тогаш кога му е најпотребно на земјоделците

Николовски додаде дека за преспанскиот регион досега се исплатени 336 милиони денари за сите мерки. На овој начин директно се поттикнува развојот на овоштарството и производството на јаболка.

Share
Прочитај повеќе

Прифатилиштата најсоодветен систем за контрола на популацијата кучиња

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, на иницијатива на Агенцијата, во соработка со г-дин Брајан Фаулкнер, претставник на Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија (RSPCA), одржа состанок со претставници од Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС на кој се дискутираше за воспоставување на соодветен систем за контрола на бездомните кучиња од страна на општините.

Share
Прочитај повеќе

Започна есенската кампања за вакцинација на лисиците против беснило

Агенцијата апелира до граѓаните да внимаваат при движењето во природа и доколку најдат мамка никако да не ја допираат. Мамките се со кафена боја и наликуваат на чоколадни коцки. Направени се од смеса со рибино брашно и имаат мирис на риба кој ги привлекува лисиците.

Share
Прочитај повеќе

Медоносната пчела да се прогласи за загрозена, бараат пчеларите

– Во Македонија ќе иницираме акции за да се продолжи со пошумување и посебно да се интезивира пошумување со багрем, бидејќи тој директно влијае за зголемени приноси во пчеларството. Тоа е важно за околу 250.000 пчелни семејства за кои грижа водат околу 7.000 македонски пчелари, рече Трајковски.

Share
Прочитај повеќе

Во тек е аплицирање за субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко

Во тек е поднесувањето на барањата за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко, од мај до септември 2018 година, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Рокот за аплицирање е до петти ноември 2018 година.

Share
Прочитај повеќе

Овоштарите ќе добијат субвенција од 3 денари за предадено индустриско јаболко кај регистрирани откупувачи

Производителите на јаболко кои ќе го предадат своето производство кај регистрирани откупувачи, ќе добијат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка. Условот за добивање на оваа нова субвенција, е родот да е предаден најдоцна до 25 декември годинава по цена не повисока од 5 денари за килограм.

Share
Прочитај повеќе

Преспанските овоштари задоволни од цената на јаболката

– Очекувам да се стабилизира цената на пазарот и да нема пад. Досега сме задоволни од тоа како тече откупот на трпезното јаболко, кое годинава е со добар квалитет. Интервентната мерка на Владата од три денари за килограм индустриско јаболко, која ни беше ветена ќе овозможи овоштарите во местата погодени од град да покријат дел од трошоците, истакна Пампулевски.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците од Македонска Каменица се запознаа со новите мерки и програми

– Презентацијата е одлична можност земјоделците на непосреден начин да се запознаат со новините, можностите и поволностите кои ги нудат Владата и отворените ЕУ фондови за развој на земјоделството. На средбата беше опфатена и можноста за размена на мислења со земјоделците, за сугестии и прашања од претставници на локалната и централната власт, рече Стаменкова.

Share
Прочитај повеќе

Вчерашното невреме проследено со град ги уништи јаболката во Преспа

Најпогодени од невремето се селата Јанковец, Болно и Избишта. Според земјоделците, градот нанел голема штета на јаболката, чија берба е во полн ек.

Share
Прочитај повеќе

По 12 години тутунарите ќе добијат нов закон за тутун

Откупувачите ќе бидат должни евиденцијата на катастарските парцели, површините и склучените договори со производителите да ги поднесуваат електронски до Министерството за земјоделство. Договорот за откуп се склучува најдоцна до 31 март во тековната година.

Share
Прочитај повеќе