Порибување со пастрмка во реката Брегалница во Делчево

-Пастрмката е вид на риба која доколку нема поголеми загадувања може да успее и во водите на Брегалница. Што се однесува до моменталната состојба со животинскиот свет и покрај големите загадувања и ловење на риба на неспортски начин, сепак има риба во Брегалница, но она што сакаме да го направиме е преку вакви порибувања, повеќе пати во годината животинскиот свет во реката Брегалница во Делчево уште повеќе да го  да го збогатиме, додава Стојмирски.

Share
Прочитај повеќе

ЗЕЛЕНАТА НАФТА ќе пристигне до пролетната сеидба

– Кофинансирањето за почеток е 30 отсто од трошоците, но со оглед на тоа дека се работи за нова мерка што прв пат се воведува, не е исклучено овој процент да се зголеми до 50. Користењето на картичките е предвидено да биде за повеќе години. Земјоделците би можеле да ги користат во сезоните кога вистински таа нафта се употребува за конкретното земјоделско производство за кое е наменета, објаснуваат од Министерството.

Share
Прочитај повеќе

Николовски оствари средба со министерот за земјоделство на Египет, со главен акцент за извоз на македонското јаболко во Египет

-Во последните години неколку египетски компании покажаа интерес за увоз на македонското јаболко. Затоа, на состанокот го отворивме и прашањето за укинување на царинската стапка од 40 % за македонското јаболко, која го прави неконкурентно на пазарот во Египет. Разговаравме и за увоз на земјоделски производи од Египет кои се атрактивни за пласман во Македонија, истакна Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Mакедонија е силно посветена на олеснување на меѓународната трговија со земјоделски производи

„Целосно сме посветени на промоцијата и зајакнувањето на регионалната соработка, бидејќи тоа ќе води кон олеснета трговија помеѓу земјите од Југоисточна Европа, за да се постигне заедничката цел односно зголемена  конкурентност на секторот за земјоделство и храна. Ова е наведено и во Декларацијата на министрите за земјоделство која што во ноември минатата година ја потпишавме во Струга и во таа насока  ќе продолжиме да бидеме конструктивен партнер во регионалниот дијалог и во сите регионални иницијативи кои ќе ја забрзаат интеграцијата на државите од Западен Балкан во Европската унија. Ја користам оваа прилика да ја повикам Германија да ни помогне во скрининг процесот и сите реформи на коишто работиме во односи на земјоделството, а со цел да се доближиме до Европската Унија“, изјави министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

11-та Берлинска конференција на меѓународните министри за земјоделство

Министрите дискутираа за тоа како може да се примени дигитализацијата  за да се промовира економски оправдано, ресурсно-зачувано, и потрошувачки ориентирано земјоделството, преку искористување на потенцијалите за дигитализација на земјоделството, пристапот на фармерите до дигиталните технологии, подобрување на користењето на податоци и друго.

Share
Прочитај повеќе

Старбакс со две кафулиња во Рим

Американскиот синџир кафулиња Старбакс (Starbucks) наскоро ќе отвори две установи во италијанската престолнина. Едниот Старбакс ќе проработи во близина на Ватиканските музеи, а за 2020 година е предвидено и второ кафуле во центарот на градот, во близина на станица Термини или плоштадот Шпанија.

Share
Прочитај повеќе

Мекдоналдс ги загуби своите права за брендот BigMac во Европа

McDonald’s Corp ги загуби своите права за трговската марка “Биг Мек” во Европската унија, по одлуката на европските регулатори, објави Ројтерс. Одлуката на шпанската канцеларија за интелектуална сопственост, исто така, им дава право на други компании да го користат името.

Share
Прочитај повеќе

Николовски присуствуваше на состанокот на меѓународните министри со германската канцеларка Ангела Меркел

-Нема единствено решение за сите проблеми, проблемите варираат, но решенијата треба да ги вклучуваат интересите и на малите и на големите земјоделски стопанства, како и способноста за регенерација на природата, односно грижата за животната средина“, порача канцеларка Меркел.

Share
Прочитај повеќе

Денес започнува најголемиот саем за храна и земјоделство „Зелена Недела“ во Берлин

-Прием кај канцеларката Ангела Меркел за министрите за земјоделство. Mакедонија после 10 години со национален штанд на Grüne Woche во Берлин. Промоција на нашето вино, преработки, храна и туризам на најголемиот агро саем во светот, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Продолжен рокот за аплицирање за поврат на парите за камати на апликантите кои реализирале ИПАРД инвестиција

Новиот краен рок за поднесување на барањата за поврат на каматната стапка е до 15- ти февруари.

Share
Прочитај повеќе