Најбогатиот земјоделец во Македонија лани остварил приход од 100.000 евра

Од продажба на сопствени земјоделски производи во 2017 година во износ од 5.726.269 пријавил граѓанин од Скопје, беше истакнато на прес-конференција на директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Share
Прочитај повеќе

Атанасов: Сакаме да ја сведеме Бруцелозата на еден процент во одгледувалиштата

Од вкупно 16.052 во 2008 година, бројот на заболени овци и кози од бруцелоза лани се сведе на само 373. Нашата цел е намалување на вкупниот број заболени грла на еден процент на ниво на одгледувалиште, односно на 0,05 отсто на индивидуално ниво на целата територија на земјава, вели за МИА директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ и одгледувачите на овци заеднички ќе креираат политики за развој на овчарството

Во меѓувреме, секое здружение до МЗШВ ќе испрати пополнет прашалник за сите трошоци што ја формираат производната цена, истата ќе се спореди со анализите на МЗШВ со цел да се дојде до реална производна цена, за да може да се подготви соодветно решение за одгледувачите на овци. 

Share
Прочитај повеќе

СН Осигурителен Брокер со поддршка за земјоделското осигурување

На 21.03.2019 година Христо Кондовски и Зоран Пејчиновски – извршни директори и Илче Талевски – раководител на секторот за земјоделие на СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД БИТОЛА имаа работна средба со Ленче Николовска – посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на РСМ и Билјана Петровиќ – претседателка на Земјоделското здружение „Современо земјоделство“ каде што беше разговарано за ризиците со кои се соочуваат земјоделските производители и како преку осигурување на своите посеви и плодови насади да се заштитат од ризиците.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Извозот на македонските земјоделско-прехранбени производи во Русија значително расте

-Во првите месеци од оваа година, според податоците од Државниот завод за статистика е регистрирано зголемување на целокупниот извоз за 41%, а кај земјоделско- прехранбени производи, само во јануари има зголемување за 90% споредено со истиот период минатата година. Зголемениот извоз од Република Северна Македонија кон Русија во делот на  земјоделско- прехранбените производи се должи пред се на извозот на јаболкa, во количина од 3.145 тони, а во вредност од 1,2 милиони евра”, изјави Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Работна средба во МЗШВ за состојбата со откупот на јагне

Денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со својот тим и со посебната советничка за земјоделство на Претседателот на Владата на РСМ, Ленче Николовска, имаше работен состанок со откупувачите, претставниците од кланиците и извозниците на јагне за состојбата со откупот.
-Се очекува откупот да тече непречено, а ние како ресорно министерство ќе ја следиме состојбата и нема да дозволиме сточарите одгледувачи на овци да имаат загуба од нивниот производ, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Вработените и риболовците заедно ја чистеа околината на Стрежевското езеро

Се собираа несоодветно расфрлените отпадоци во околината (комунален отпад: пластика, хартија и картон), со што беше постигнат значаен ефект кон расчистување на овој дел од отпадоци, но сепак пред се човечкиот фактор е пресуден за надминување на овој глобален проблем поради што апелираме одговорно и совесно да се ослободуваме од отпадот на места кои се предвидени за оваа намена, додаваат од ЈП “Стрежево“.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски во Каиро: Договорени конкретни активности за унапредување на економската и трговската соработка со Египет во областа на земјоделство

Од страна на египетскиот министер за земјоделство беа назначени лица кои ќе бидат членови на работната група, а од МЗШВ до Египет ќе бидат испратени имиња на членови од Република Северна Македонија. Исто така од страна на МЗШВ до Египет ќе биде испратен пополнет Прашалник за анализа на ризик при увоз на јаболка од РСМ во Египет, од аспект на употреба на заштитни средства.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски денеска беше меѓу земјоделците во Делчево

-Минатата недела исплативме 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади на 9.146 земјоделци, а во оваа сума спаѓаат и субвенциите за сливи и вишни, рече Николовски пред земјоделците во Делчево.

Share
Прочитај повеќе

Николовска: Средбите со земјоделците – најдобриот начин на комуникација и соработка

-Не е лесно и не се едноставни овие средби, состојбата во земјоделскиот сектор со години е лоша и не може да очекувате задоволни земјоделци оти колку и да се работи не може во една година да имате спектакуларни резултати, особено во сточарството. Но кога знаете дека работите, кога знаете што сте нашле како состојба и колку труд, енергија и искрена посветеност во работата, личен но и тимски, вие пред земјоделците одите со чист образ. Не ги притискате, не манипулирате, не ги уценувате. Само кажувате што сте сработиле, истакна Николовска.

Share
Прочитај повеќе