Повеќе од 180 земјоделци на трибината во Велес, заедно со министерот Николовски дискутираа за сите теми од земјоделството

Во врска со информациите во дел од медиумите дека сточарите ја напуштиле трибината, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одговорно известува дека трибината ја посетија повеќе од 180 земјоделци  кои присуствуваа и активно дискутираа повеќе од два часа, до крајот на настанот, на разни теми од сите области на земјоделството. Неуспешен беше обидот на десетина партиски активисти да создадат впечаток дека земјоделците наводно ја напуштиле трибината.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Нема да дозволиме сточарите одгледувачи на овци од нивниот производ да прават загуба

-Бевме и сме во комуникација со сите засегнати страни, со здруженијата и со сточарите. Се одржаа низа средби во предходниот период и како ресорно министерство и како Влада она што можам да го кажам е дека нема да дозволиме сточарите одгледувачи на овци од нивниот производ да прават загуба и верувам дека сите заеднички ќе донесеме решение“, изјави Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Субвенциите редовно се исплаќаат

-Се исплаќа според календарот за исплата на субвенции а исплатени се 40,5 милиони евра субвенции во текот на јануари и февруари кај лозарите, сточарите и полјоделците. Се подготвува исплатата на тутунот во месец април. Од јуни 2017 година до денес исплатени се 247 милиони евра за субвенции по однос на сите програми -заостанати долгови и редовни субвенции, рече Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Николовска: Сеидбата на сончогледот е во тек, ќе го следиме производството до откуп

-Идејата е да се ангажираат советниците да го следат производството на сончоглед и во соработка со Асоцијацијата да им се помогне на земјоделците да произведат поголем квалитет и принос. На тој начин ќе се достигне приносот од 1.500 килограми од хектар и ќе се исполни условот за субвенциите кои до 20 ха се близу 400 евра од хектар. Исто така на овој начин ќе им се исплати повеќе берзанската цена по која ќе се откупува сончогледот од страна на фабриката „Благој Ѓорев“, рече Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Одбележан патрониот празник и 111 години постоење на Земјоделското училиште во Битола

Во рамките на празнувањата во средното земјоделско училиште “Кузман Шапкарев“ беше отворена лабораторија за педолошка анализа на почвата, каде учениците своите теоретски знаење ќе можат и практично да ги применуваат.

Share
Прочитај повеќе

Чипирањето на кучињата, продолжено до крајот на годинава

Се продолжува рокот за бесплатна идентификација и регистрирање на домашните миленици. Крајниот датум е 31 декември. Првиот човек на АХВ вели дека ова е дел од тригодишната стратегија за справување со неодговорното сопствеништво и бездомните кучиња.  

Share
Прочитај повеќе

ДИЗ: Пронајдени 123 рибарски мрежи во Дојранското езеро, одземени 29 килограми крап од угостителски објекти во Дојран

Од мрежите се извадени 5 килограми црвеноперка и 3 килограми караш. Поголемиот дел од мрежите бил наменет за лов на крап, но во ниту една мрежа не било констатирано присуството на крап.

Share
Прочитај повеќе

Владата го реафирмира Агросоветот кој со години беше запоставен

Улогата на Советот за земјоделство и рурален развој е да врши работи на консултативен механизам за политики, да прави планови и програми за развој на земјоделството и руралниот развој но и да дава мислење по однос на постигнати резултати од спроведувањето на мерките и инструментите за развој.

Share
Прочитај повеќе

Македонскиот живинарски сектор напредува преку соработка

“Благодарение на унифицираната визија за развој на секторот, реформи во политиката и зајакнување на знаењата на сите чинители во вредносниот синџир, македонските производители на живина конечно ќе можат да се потпрат на домашниот пазар, а трговците и преработувачите ќе можат да набавуваат локални производи поефикасно.  Истовремено, потрошувачите ќе имаат подобар пристап до квалитетно живинско месо од домашно производство”.

Share
Прочитај повеќе

ЈП „ПАЗАРИ“ го доби идејниот проект за поставување на фотоволтаичен систем

„Панелите ќе бидат поставени на покривната конструкција на постоечките настрешници во Градскиот пазар, кои што служат за заштита на тезгите. На овој начин ќе се заштедат средства што сега ги плаќаме за потрошена електрична енергија, а ќе исполнеме дел од обврските кои што ги имаме во однос на препораките дадени од ЕУ“, рече директорот на ЈП „Пазари“ Владо Атанасовски.

Share
Прочитај повеќе